Колку само ми се смешни неколку души на форумов што упорно го потат за наталитетот, онака главна животна опсесија им е колку луѓе умреле во Ропотово, колку деца се родиле во Кадрифаково, а колку во Кондово, колку деца тргнале во школо во Нагоричане, па како треба да се прават повеќе деца...
Знаете што е заедничко за сите овие наталоидни куропотачи?
Немаат ниедно дете.
Живеат со мама и тато, на цирка 30 години спијат уште на кревети на спрат (кои им ги мести мамичка наравно), и бараат секој ден по 100 денари да си купат цигари и да уплатат на спортска и главна животна амбиција им е конечно да фатат на ливче за да можат да купат не знам какви бандажи за колата и да ја легнат локалната кафанска певаљка. Амеби неспособни да чуваат и аквариумска рипка, а камоли дете.
На таквите треба да им се дадат две мали деца на една недела, па кога ќе увидат конечно колкава одговорност е тоа, и во финансиска и во секоја друга смисла, не само што ќе престанат да го тупат за наталитет, туку и ќе почнат да добиваат панични напади секогаш кога ќе се спомне тој збор или кога ќе слушнат бебешки плач.
И да, сега ми текна дека постои уште една подгрупа наталоиди - тоа се дијаспорците т.е фаланга патриотите.
Живеат на илјадници километри од "саканата родна грутка", секој божји ден постираат на фејсбук слики од споменици и фонтани а воедно и обилно ејакулираат на истите, споделуваат написи од Вечер за многуте успешни владини проекти, и како капак не се`, се дрзнуваат да ни држат предавања за наталитетот.
Е па чеда дијаспорски, вратете се од туѓина, вработете се во некоја од многу фалените индустриски зони, наштанцајте 7-8 деца и уживајте и самите во благосостојбата која толку ватрено ја промовирате во вашите фаланга пораки на фејсбук.
А ја отидов да си купам кондоми (не дека ќе ми требаат, али за секој случај).