У трето одделение, требаше да научиме да прераскажуваме едно четиво за писмена. Едно дете што седело под јаболкница, арно ама му паднало едно јаболко над глава и му излегла жмучка.

Идам на писмена, цел среќна - сум го научила четивото.

И наместо жмучка, на крај пишав на глава му излегла жолчка.



Жмучка, џмучка, жмучка, џмучкосана една...

Лани географија на тест имаше прашање за некој пронајдок во Германија. И ја ни две, ни три - Аушвиц.

Па тоа ме асоцираше на Германија, што да праам.

Професорот ми се изнасмеа: Па барем Аушвиц да беше во Германија...

И еден совет од мене: Никогаш не купувај безжични тастетура и маус.

Кабел си е кабел. А една батерија крае ептен тратко.

Моментално само тастетурата ми работи, кога ќе завршам со неа, ќе ги префлам батериите у маусот. Неам попаметна работа... вежбам гимнастика.
Гибај лево - гибај десно - гибај напред - гибај назад - мајсторе за Гибаницииии.

И дај бе Кајги, остај ме на раат да си ги изедам црешиве. Не знам колку дршки и семки по грешка испопикав у уста.

Испомешав и баби и жаби. Нема врска, само нека прска.

Јооооо.
