Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,
По сите постови за трапавоста на шумеќа, почнав да си ја замислувам како вака готви за да се заштити од прскање, посипување со врела вода, заштита од чад и сл. :D
519tfejzyGL.jpg

Ај сега озбилно, мора да ги пофалам кулинарските вештини на ова младо девојче. Таблетке вистинско освежување си во подфорумот, се надевам ќе продолжиш со истава страст и понатаму. :X3:
 
Шумеча коа ќе порасне ќе биде многу трудна цело време.

Иначе пиво се напив малце повеќе и одма муабети за женење човече, што к_р ми е?
 
Драга today is the D-Day literally, june 6th 1944...онака само да ти кажам...
Драга 7 дена трева јадам...
Goodbye Меше, Goodbye

ПС. Ова зборењево со блутут начукан у уво е стварно забегано, се изглупирав денес и се засрамив и вцрвив...
 
Драги

Стигнав до точка каде "дипломирани биолози" ме учат за реалноста на расната супериорност на белците, преку приватни пораки на форум. Не те заебавам, ти се колнам. Лекции како сексање со црнци или црнкињи ни ја убива генетиката и колку белата раса помогнала во создавањето на цивилизацијата. Пишав ли дека се работи за биолог? Да не ми кажеше ќе помислев работи во Кју Кукс Клан како нивен портпарол.

Што па запнал мене да ме учи, нели според мојава ситуација, јас и не можам да пренесам гени преку потомство, така да о чему лекциите? Или толку се очајни расистиве и беливе супериорци-борци па сега регрутираат и хомосескаулци за истата кауза? Oh well, ваљда би набавил членство, ако има cute guys. И ако иде бесплатно мохито во текот на денот. Да, тоа звучи таман. Ме купивте. Ваш сум. Каде да аплицирам? Потпис?
 
Д.К
Животот е срање.Колку и да си добар со луѓето и да вршеш услуги, да им помагаш, да бидеш со нив кога им е најтешко и еднаш не си во можност да и излезеш во сусрет, се забораваат сите други работи претходно и на крај ти си не најлошиот,најзлобниот, Ма,бришам се, од сега само за себе ќе живеам.
 
Шо ти е гајле ќе правиме позерски слики за на фејсбук, него луѓево ми се огнено расположени вика ако треба на сила има да биде ама ќе биде втора лига има да остане втора лига, јас се заебавам му викам превентивно на сите по два шамари да му удриме, ама ми мириса на невоља, а и плус две кила ракија ќе носи овај :icon_lol:. Ќе биде жустро :icon_lol:.


 
Драга,
значи стварно не можам да ги разберам девојките што едвај чекаат да завршат факултет и да се омажат. Како тоа да е не знам каков успех во животот па ајде доволно е. Па од 10 запишани 11 завршуваат факултет денес. Како што вели еден другар, магаре да донесат кај нас на факултет ќе положи испит.
И ајде, нека е и тоа во ред, која сум јас пак да осудувам. Понесени од виорот што веќе многу од генерацијата ти се испомажија, едвај чекаш и ти и конечно саканиот твој клекна пред тебе и ти го изговори судбоносното ДА. И ете и свадба спремаше три месеци и другите околу тебе не можеа да направат друг муабет со тебе освен оној свадбарскиот, дали да избереш светло розови цветови или една нијанса потемни. Ете и свадбата помина, нека е за арно. И си стави 125468321 слики на фејсбук, нели за да видат сите до каде си догурала.
Да не е покусо и бебето, кутрото уште не испаднато од тебе веќе е на фејсбук. Па го сликаш со сите баби, стрини, тетки и дневно го бомбардираш фејсбук и твоите пријатели со мал милион слики од бебето. А тоа уште не ги отворило очите. За греота.
Како и да е, се случило што се случило и ти ме гледаш мене неколку месеци после твојата голема свадба. И муабет, едно-друго, сега нели бебето е центарот на вниманието и се се врти околу него. И тоа е во ред, сепак е ново поглавје во твојот живот, разбирам, многу ноќи непроспиени и нервози.
И се е во ред, се додека не дојде моментот кога ти се осмелуваш мене да ми солиш памет. "Ајде земи го бебето во раце, треба да се учиш, уште една година имаш од факултет, што мислиш ти дур да трепниш ќе ти помине годината, па одма дипломска и треба да мислиш за мажење, за дете". "Ајде сега на тебе е редот". "Ајде немој да чекаш годините ќе ти летнат" . "Ајде ..."
Бре! Од каде па ти сега толкава слобода да ми го планираш мене животот.
Епа извини, ама јас, за разлика од тебе, гледам мааалку пошироко. Имам некои други амбиции, поинакви од таа твоја единствена за мажење. Сакам нешто да постигнам во овој живот, нешто што ако имам дете сега нема ни за милион години да го постигнам. Можеби некоја година живот во странство, можеби повеќе години, можеби и тука, ако ја имам таа среќа.. можеби и ќе ми се оствари желбата да ја видам Русија или Дубаи.. можеби и ништо од ова нема да ми се оствари, но во секој случај нема да се задоволам со мажење на 22 години!
Не ме сфаќај погрешно, и јас сакам да се омажам и да имам дете. И тоа не едно, сакам три деца. И тоа можеби и со човекот со кој сум веќе три и пол години заедно. Можеби. Но не сега. И не во блиска иднина. Во 30-тите години,евентуално (нај)доцните 20-ти.
Па и мајка ми на 33 години родила две деца, па што ни фали, живи здрави сме.

Благодарам Драга што беше трпелива за мојата утринска исповед.
Ќао
 
Последно уредено:
Таа - Имаш девојка?
Јас - Не
Таа - Епа ајде што чекаш најди некоја...
Јас - :facepalm:


Е ај да присоберам пари и да земам една од Пустец, ебати. Да очекуваш вакво нешто да ти каже некоја баба па да сватиш, ама кога ќе видам дека и млади моми го прават истиов муабет стар 100 години, е стварно ми се кења. Или па оноа фамозно прашање:
- Кога ќе те жениме?

Бог да чува еј :facepalm:
 
Кои комедии се кога некој атеншн сикер ќе пише нешто, ќе види дека нема да добие реплики како што сакал и ќе плаче после по модератор да ги избрише постовите :pos: пусис.
 
Било викенд, било празник. А јас на работа. Писанија, шо би рекле стариве :)
Една колешка ме вика 'црничок'. :pos:
Шефицата и колегите ме тераат да се женам, демек женет човек домаќински работел. :facepalm:
btw Мора да ја скратам косава, ме нервира :vozbud:
***
Пак станав несериозен, со многу смешковци во мислење.
Бичам јас на работа :)
Бонус:
EaIoHyx.jpg
 
Последно уредено:
Кајги, сите ќе умрете. Некој сега, некој после. Никој не живее вечно.
748420_JC_hurrah.gif


Драга, си седам замаена во екранов и ја слушам мајка ми: - Јас ќе одам бла бла бла... Ќе се вратам бла бла бла... Исклучи го бла бла бла...
- Добро, мамо. (y) :D

После некое време, ѕвони домашниот телефон. Зимам слушалката:
- Добар ден.
t8827.gif

- Добар ден.
- Што праите, што има ново? (стандард) Ај дај ми ја мајка ти.

Го свртев цел стан, мајка ми нигде ја нема. :eek: После ми светна бојлерчето у глава, излегла! :tapp:
- Ко што гледам, мајка ми не е дома.
t8827.gif

- А каде е ?

Е сега... питање бити или не бити. :D Си викам: - Па у продавница, кај може да биде. Логично.
- Во продавница е.
t8827.gif

- Кога ќе се врати, нека ми се јави.

Океј, се враќа мајка ми и слушам муабет:
- Еееј, јас бев до кај комшиите, нешто да им однесам.
smiley-talk010.gif


Сирота жена. :oops: Сигурно помислила дека мајка ми ја мота. Прво као демек „изгледа не е дома“, после е до продавница, али била кај комшиите. :pos:
А сега да ми извиниш, идам да учам за екстерно.
895721_LaieA_054.gif

Има прашање што е реченица, бе Кајги. :pos:Ја мислам овака да одговорам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom