Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
коресподенција бе Драга?! :pos::pos:
Не дека се фаќам за ситници ама ме изнасмеа шумеча таблета. :icon_mrgr:
 
Драга јас да сум ти ја чекал да се врателa од педикир са маникир:D амор ој фрљи крупна сол в легенче и акни топла вода среди се туку ми се шуљаш угаре удолу кај Снеже, кај Росе, кај Љубица...џенем
Драга знајш шо ми текна денеска само тебе ќе ти го кажам ова, ми се појави некоја желба да работам во шумсконо:ROFLMAO: патем се чуствувам некако некако ако знајш шо мислам.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
Кајгано знаеш она кога во Америка сите пробуваат да станат дел од животот на познатите и сакаат да ги добијат своите 5 минути на слава ? На пример некоја девојка ќе обвини некој познат дека ја силувал, или некој ќе скока во позадина на телевизија, или некој ќе побара да се слика со позната личност, или некој ќе те тагнува во постови за да собере лајкови, или некој ќе сака автограм од позната личност и такви слични работи.

Интересна работа.
 
20140523-095629.jpg


крај, умрев :pos::pos::pos:
 
Поминав прееска пред пунктот кај што е за донирање на поплавите во Србија доле во трговскиот и се нормално беше. Арно ама приметив еден пакет млеко "Моја Кравица".

Иронијата тука, драга, иронијата.. :icon_lol:
 
Драга,
Досадна си. Ноу хард филингс.
Јас се опаметив, и сега баш пред да стане така бааги топличко надвор, затварам прозори и врати :D Да знаеш што е убаво внатре. Милина. Ама ова кучињава размазени, само бараат да идат надвор, па внатре, па надвор, па внатре... Ќе одвикнат ај :D И вака со затворени врати помалку ги слушам чивавите на комшиите како џавкаат. Па не е могуче да стане некој имун на тоа. Неподносливо е. А едново од моиве па се праи фина и им праи муабет назад. :tapp: Оф.
Денес приметив, неможеш да стиснеш Игнор на модератор. :confused: Зашто? Демек ако станал модератор значи дека сите мислења му се ок и ние треба да ги почитуваме без разлика дали ни се свиѓаат или не? Глупости.... Едно време имаше многу боље модератори. Сеа... Ноу комент. Со некои исклучоци нормално....
 
Уште да докторирам и ќе се иселам од оваа пустина.
Поздрав и до професорката по математика од средно што викаше дека од мене нема да биде човек. Шетај мала цел живот ќе лижеш газ на партии, за да останеш на работа со плата од 300е.smoking_18.gif
 
Драга кајгано,
Денес конечно ја надминав гордоста и и пишав на една драга личност со која одамна ја имам изгубено комуникацијата , ако не пишев јас прва може цел живот ќе се туфкавме кој прв да пишеше, подобро е вака, не вреди заради некоја глупа гордост да изгубиш контакт со некој што ти значи.
 
Драга Кајги

10shs2e.jpg


Кога и да упалам фејсбук гледам само слики со 10,15,20 години од матура
Преку онаквоето ми е дојдено веќе :cenzura:
 
@kjara не се смеј, трагично е.
Во Knox cafe во Веро (внатре) седиме со друштво и отспроти има детска игротека. На сред просторија имаше шипка ли, импровизација на шипка или дел од ентериерот не знам што беше, ама битно ја вршеше улогата за стрип-шипка, и едно мало девојче се вртеше ко стриптизета, де со нозе, де со раце, де некои чудни движења за 5-6 годишно девојче. Туѓ срам да те изеде.
Еден од друштвото пак вика: Леле види го, крцкалче! :facepalm:

Уште пак родителиве ги сликаат, им даваат дозвола. :facepalm::facepalm:
 
Денес во рекордно време изедов пица. Седнувам и онака прегладен гледам најефтина пица што е, земам маргарита за 240 денари и ја изедов за помалку од 5 минути. За споредба другарче нарача кафе и јас ја изедов пицата дур он го чекаше уште келнерот да му донесе шеќерче, а пицата плус јас и поише ја чекав од кафето он што го чекаше :D
 
Јаооо, Кајганица... малку ми фалеше, да пијам шеќер и вода. :pos:
До толку ли интресно да с'скаш кучиња? :facepalm: Ај, браво. :cuc:Срце у патика ми се спушти. :D
Иначе, денес шестпати се сопнав, во нечија кундра (интересен збор, кундра :D). Значи шестпати! :tapp:
Прошлиот пат кога пишав тука, се ушесторотручи бројката. Се надевам дека утре нема да се удванаестручи бројчето.
Више незгодно ми станува. :oops: Па што идат пред мене? Не ги терам јас. :ROFLMAO:
Ама не е намерно, бе. Што да праам. :D
Па уште кога ќе кажам извини, ти враќаат едно иронично - НИШТО!
Кажи фала, Господ здравје да ти даде. :LOL:

Марлоборло, марлоборло, марлоброрло, марлоборло... интересно ми е. :ROFLMAO:
Оти ги викаат малборо? Марлоборло е поинтересно. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom