Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга кајгана,

Таман решив да си го опоравам грбот, си почнав да одам на физикална терапија, си вежбам, боли ама ќе помине, и се повеќе ми се враќа желбата за да си почнам пак во теретана. Да се средам малце! До сега ми беше страв заради грбот, да не се дозајебам, ама ај сега викам, под надзор на физиотерапевт, може полецка пак да си вежбаме. И нејсее си отидов фино лепо да се зачленам, викам ќе пробам месец дена, ако боли ако не иде ќе си престанам. И и викам на девојката што беше на “рецепција“ сакам да се зачленам. Вика нема проблем, ако сакаш од 7 до 17 часот ти е 10 евра, колку дена сакаш во неделата, а ако сакаш било кое време 15 евра... Хммм окееј па и не е така скапо во споредба со другите теретани тука. Си викам , океј одговара, дај да платам. И тука доаѓа моментот, на АМА треба да потпишеме договор за 1 година, и можете наеднаш да платите или месечно... ме заебаваш?! па не купувам постпејд телефон! А и договорот неможе да се прекине... значи вежбал не вежбал ќе си платиш за цела годинка... Па добро, мене не ми се исплати... што ако не можам/не смеам со грбов. А од тренинг колку е ... извини немаме таква опција. Абе немој да ме јебеш!!! И сега во потрага по нова теретана :( еееј договор на 1на година да потпишам!!! а коа ќе помине годината имам право на една справа или тегче да си земам или... ?
Луда работа!
 
Комбинација икс-нула...

Седам во оргинал дрес и гаќици што ги носел Тасевски на Србија-Македонија, доле имам високи чорапи во војнички бои, сива влечка, учам за теоремите на Левенберг-Марквардт и слушам башта ми е кондуктор во позадина :icon_mrgr:
Сто посто положувам наредна недела :icon_lol:

Вицот на денот:
Мамо мамо ене ја Гергана :vozbud::drk:
Ќути сине, тоа е братучетка ти, ја испраќаме на матура :X3:
 
Драга,

Кога си ја фаќам косата во репче пред да почнам да решавам на колоквиум, се осеќам ко Сталоне во Over the top кога ја правеше таа финтата при буткањето на рака. :D
Ех, на што се ми текнува при полагање. :LOL:
 
Драга Кајгана, сакам да споделам една турбофолк песничка која ме отру денојве, на репит цело време...
 
@tigrica92 За муабет постојат приватни пораки. Исто на било кој член можеш на ѕид да му напишеш каков коментар сакаш. Темава не е за да го коментираш секој пост на другите. Предупредена си.
 
Кајги пак јас.

Во секој човек спие по еден гениј. Генијот во мене е во кома.

Сакам да им го честитам денот на Власите на форумов. Повелете на слава, имам шведска маса.
PS Не сум дома.
 
Ги гледам матурантите колку се исповозбудени, какви само планови за иднината имаат, ова ќе студирам, она ќе студирам, после ваму ќе работам, таму ќе работам, волку плата ќе зиам...не се свесни колкави разочарувања ги чекаат за едно 4-5 години коа ќе се треба да се соочат со реалноста.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom