Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајги

Неможам да спијам...после она синоќа, душава ми е огорчена. Бог Да Го Прости Ангел. Генерација 1995... страшно нешто :'(
 
Прв пат ти пишувам Кајги...ама многу работи се собраа.
Прво поплавите во Србија, БиХ и Хрватска...ќе ти бидам искрен, највеќе ме погоди за Србија, затоа што е земјата од која доаѓа мојот татко. Сликите и видеата од оваа катастрофа ме ужаснуваат...самата помисла дека стотици луѓе го загубиле животот ми го кине срцето. Затоа сакав и да помогнам, донирав нешто, но малку е си велам...но што ќе направам јас? Не можам да донирам 5-10 илјади евра барем, со кои би купил најразлични продукти кои им се потребни на оние што во неколку секунди останаа без покрив на главата, но уште пострашно, дел од нив останаа и без своите најблиски...

Она што се случи синоќа уште повеќе ме погоди...бидејќи ова не се работи за природна катастрофа, ова се работи за нечовечкото во човекот, за свиреп убиец(убијци) кои заклаа едно момче кое штотуку го почна животот. И што, заради точак? Искрено, колку и не сакам, мислам дека има позадина во сето ова, барем нешто во мене така ми вели. Ако има некој политичка позадина во сето ова, само се надевам дека еден ден за сите нив ќе дојде правдата, ваква или онаква! Јас сум еден од оние кои што мислат дека може да се има соживот, но повеќето од нив упорно ме демантираат во тоа и прават да го менувам мислењето. Згрозен сум!
 
Ништо не бива во оваа ебана држава, стварно не верувам дека некогаш би се подобриле работите. Сега уште повеќе сметам дека единственото решение е да си го фатам патот во странство уште во првата прилика која ќе ми се укаже.
 
Ќе го родиш, ќе го чуваш, ќе го заштитуваш, ќе го пазиш, ќе го сакаш повеќе од се на светов, повеќе од сопствениот живот. За што? За да настрада заради ЕДЕН ЕБАН ТОЧАК!!

Стварно не знам до кога Балканов ќе биде исполнет со црнила и трагедии и мајки и татковци што си ги закопуваат децата....
 
Секој кој што ја земал црвената пилула се заебал гадно.

matrix.jpg
 
Ete vi ja makedonstinata, makedonci.
Edna nesrekja i site sakate da begate. E***i nacionalnosta i makedonskoto vo vas.
So pravo ne vikaat kvazi-narod, makedonci ne postojat.
 
Заглавен сум во некој портал на музика, не можам да ја напуштам собава!
 
Драга,

Ќе почнам да верувам и јас во тие суеверијата во кои баба ми верува.
Што фино ми пресече пат едно одвратно црно маче вчера, за мерак. Не кријам дека нејќам мачиња, непредвидливи ми се и злобни.
И, тараааам, по некој саат промашив скала и сега стапалото ми е шинато/изместено/утепано, зашто си куцам едвај, али и тоа едвај. Арно што не ни беше полошо, али срање по срање периодов. Стварно иам многу работи за правење, за да се забавувам сега со ова и да ја одмарам ногата.
Па и дека си паднав на гз, и гзот денес ме боли. :D

Криво ми е и дома што кажав прееска. Нити можат да ми помогнат, нити ништо. Нема татко ми да помине за да ме растоварува каде и да треба да одам, а мајка ми да ми носи јадење и пиење во кревет, зашто не смеам да се движам многу. Еее, колку е голема разликата да си студираш дома и надвор од дома. Се навикнуваш дека никому не му е гајле за тебе, освен една-две особи можда, кои се тука да ти помогнат. Се друго е срање од луѓе.
Пред година или две, полагав нешто отсабајле, зимно време, тмурно, дожд врнеше. И си одам на факултет, скалите цели водени пред него, една пред мене влегуваше, па кога се подлизна, кога се слупа на тоа скалите, цела си се испружи. Две чавки што одеа пред неа, се свртеа и си продолжија, никому ништо. Застанав да ја прашам дали е ок, да не скршила нешто, да не и треба помош да стане. Ок беше, дури и си се насмеа, иако страшно изгледаше кога падна. :D Мислам дека мило и беше што барем застанав да ја прашам, што мене никој вчера не ме праша.
Никој на светов не го добива заслуженото, иако се тешиме со тоа.
 
Драга Кајгана, кога забранувате оружје, нели ви текнува оти ако си пореметен можеш да убиеш и со нож, па дури и со екстремно нешто како врел зејтин?
Може ако оружјето беше полесно достапно, т.е. легално, повеќе луѓе ќе имаа прилика да се спасат у животот.
Пошто кога е забрането, криминалецот пак ќе дојде до него, пошто ако се замараше со закони, немаше да биде криминалец.
 
Драга, шо праиш?
Јас еве се глупирам...како и обично.
Некоја рандом фаца од Дубаи ми напишала порака на facebook...are you lesbian? :unsure:
Цел саат се чудев од каде добил таков заклучок...дали поради некоја слика...за на крај да видам дека на профил ми пишува дека сум женско, заинтересирана за....ЖЕНИ o_O
Којзнае на што апчиња сум била коа сум си го правела профилот :D која будалаааа!

Иначе, Кајгии...одам на пракса...се осеќам како деловна жена :свиркам: со мерак си се дотерувам насабајле :love:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom