Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга...

slika-dete-pas.jpg


... нинџиве пак лупат кромид одма до мене :place:
 
Кога децата не сакаат да заспијат во кола и еден круг по обиколницата. На пола пат веќе сонуваат. :icon_lol:
Ама ме зафркна едното разбира и сега ми вика ај па брм. :D
 
Да ми даваше пари другарка ми секој пат кога ја будев до сега би била на некоја од плажите на Малдиви..:icon_lol:
Ама еве не сум, туку се тешам со фотографии на интернет.. Добро ми кажа тој еднаш : Ќе одиме срце, со шушки во рацете.:pos:
Денес направив многу работи.. А само што започна денов. И ветува многу. Само се надевам на добри вести.. Сакам да слушнам добри вести.
 
Каква еуфорија ме фаќа кога ќе ми текне дека ги слушав ѕверовиве пред една година во живо! Па и совршениот спој на дожд и Personal Jesus...


У пичку матер Кајги, ми се оди на концерт!
 
Се жалев дека не ми паднало одамна ништо на наградниве игри. Ми падна 1.5 литри пепси.
Трета награда покрај топката со потпис на Бекам, и маичката пепси од 2006. Ми лаки бастард.

А, да. Животот е премногу краток за да ги прочиташ 'terms and conditions'

10298951_687651534635058_3957834303248760379_n.jpg
 
Драга,
се обидувам да учам скоро цел ден и не иде никако. Ова што се случува во комшии многу ме потресе. Ми се вратија некои стари спомени и ме опфати меланхонија.
Добро знам како е да си протеран од дома само со облеката на тебе без денар во џеб. Добро знам како е да зависиш од хуманоста на другите. Да си гладен, а да не ти е грижа затоа што умот ти е кај оние што сеуште се во опасност.
Се надевам дека што поскоро ќе се заврши се со минимални жртви . :(
 
Кајганчице,
Дури сега го пијам првото кафе денес. Се чудам како не колабирав до сега, ама нема везе, да знаеш дека многу ми е убаво. :pipi:
Јас инаку емоционално се приврзувам за гардеробата, па важам за личност што тешко се двои од старите парчиња во плакарот. Барем така мислев до денес. Имав едно дуксерче, може да се каже дека сум го надраснала, ама си го сакав бе Кајганчице. Си го носев. И денес, меѓудругото го спакував и го донирав.
Викаат клин со клин се избива, а јас точноста на тоа ја наоѓам во: емоција со емоција се истиснува. :)
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom