Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Наврната, левел: коса ко шеќерна волна.
Taква цела огромна, а таму каде што си ја намокрил - залепена, никаква.

Врне, па врне, аман.
А, прочитав негде, на Први мај - крај на светот.
Леле луѓеее, ќе изгинеме. Дождот сигурно тоа ни го нагласува.

Аман веќе со традицијава, двапати годишно - крај. :sick:
 
ДК, ова беше роденден за паметење.
Ресторант, 300 гости, музика, веселење, камера, 5 торти, прасе...

П.С. Тоа е, кога ми се погоди и свадба во ист ден :icon_lol:
 
Кој чотек ми го дале, од мака џојстикот со заби го скршив.

Утре еден гол ама со посвета.
 
Драга,

Кога имаш за учење, секогаш си наоѓаш поинтересни работи нели, јас си направив колачи овој пат.
Не ги фотнав, нити на фб ги има, тој профилот ми е ко да немам живот.
Една работа од нив што научив, е дека јас нејќам цимет!
Не сакам да го видам више, нити да го помирисам, нити да го вкусам! Аромата ми лупа во мозок и глава ме боли од него. :sick:
Толку сум живчана што со таков мерак си ги направив тоа колачите, а сега не сакам ни да ги гледам во кујна! :mad:
Од утре почнувам со раздавање, арно што не излегоа многу.
Нареден рецепт, биче боље.
 
Oд шо му ебаа мамата на спортот во Прилеп, изгубив чувство за спортска радост........Го преспав Вардар, но ете очекував дека барем че победи со доволен број голови и онака и ко че станам да видам нешто како-Еј Вардар оди понатаму, супер.
Ко станав дури и заборајв дека воопшто играле оти 5 минути се барав кај сум, до 20:00. Тибам времето испреплетено со активности кои го пореметуваат нормалниот тек на живеење.

Инаку денеска го имав првото искуство како набљудувач, од другата страна за време на полагање. Колку можев помагав, потсетував, демек да сум добар, а не сум. Најјако беше ме вика едно од децата и прашува-Абе ова субјективниве стварни права беа тие примерот со нивата и марихуаната шо не смеам да ја садам за да ја продавам( инаку пример шо му го кажав на вежби). Абе потивко му викам да не слушни некој, инаку да то е. Е супер, фала многу ми текна, сега че си пишам дека се користи стварта согласно природата, во согласност со законот, општиот интерес.....така така.

Друго, најџекскиот професор почина, преку вицеви и заебанции да ја научиш цела лекција од областа на казнено право, примери кои цел живот се паметат. И така животот тече филмски се се менува во овој саркастичен град како што пееја Културно Уметнички Работници во Константна Миладинова.

И трето ова.

10294480_10152112503221523_4658407107826698826_n.jpg
 
Последно уредено:
Направив "ремонт" на фб пријателите. Сфатив дека не се сите достојни да ми "буричкаат" на профилот :D
Утре ми е именден, а воедно и голем спортски ден, белки Господ ќе помогни да се доближиме уште повеќе до титулата, да го направиме тој џиновски чекор напред, а после има комшиите да не спијат до 5 сабајле :)
 
Кајгано,
@Види Фотос го тангира поразов на Вардар, зашо иако е фан на Металург од Велес, длабоко у себе он живот дава за Вардар :icon_lol:
 
Убаво пивце испиено во друштво на две млади дами, слушам добра музика, ми се спие ама убаво ми е, не се давам на сонот така лесно.

 
Драга К,

Кога некој ме праша:
Зашто ти е толку тешко да им веруваш на луѓето?

Мојот одговор беше:
А зошто на луѓето им е толку тешко да одржат едно ветување?


Накратко кажано, многу работи докажува...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom