Е.
Се губам, да. Предметот на интерес често ми се пренасочува во задње време.
Вчера не дојдов, оти работев. А и не ми се идеше.
Не можам глава да кренам од работа и активности, а пак ми е празно секојдневието. Имаше времиња кога од седење на мсн по цел ден пак ми беа кратки тие 24 часа ден. Сега, исполни ја секоја секунда, и денот не завршува. Раштркај си ја главата на сто страни, и мислиш пак ти останува време да прелеташ до Австралија и назад.
Една светла тачка што ми го убрзува течението, или ми го замрзнува моментот, сеедно - и ја само барам начини да избегам од неа.
Парадоксално, ама со основа.
Што ми се изнаслучи во месециве, книга можам да испишам. Моменти, оргазмично добри или пеколно лоши или убитачно просечни, од се имаше по нешто. Врх врхова или дну дна, еднаш горе, еднаш доле. Ролеркостер, ама коа ќе затворам очи, тапкам во место. Зошто наскоро ќе наполнам 21, и после 22, па 23, па 30, па 45, па 60 ако иам среќа, и на крај прошол животот, и ниедна секунда што насилно сум се трудела да ја исполнам со што и да е, освен безделничење дома, нема да го успори текот на настаните.
Што ќе беше оваа егзистенцијална криза?
Работа, дешавки, лица од една страна на кантарот, и еден човек од друга. Како да се избалансира?
Вчера се обидов да се проектирам на некоја плажа богуизалеџа, кај што сама ќе се сончам на жешкиот песок и ќе стивнам од се за да размислам. Ама никако не можев да спречам сите елементи што ме опседнуваат во реалноста да не се појават у мојата проекција. Ко да нема бегање.
Другарка ми иде на психијатар, а ја ги сметам тие створови за цинични хипокритски копилиња. Дур не си го средам мојот живот, не се ни осудувам да чепкам по туѓи и да им индоктринирам стручни методи за средување на сјебана психа, додека ја сум најментално нестабилниот чоек на планетата.
Ете, затоа беспричински мразам психологопатијатри.
Многу анти-пропаганди вршам у задње време, најголем дел од нив инспирирани од Владата. Ништо од ова општество не се уклапа со мојот концепт.
Ама мојот концепт нема име, пошто реално у целава политичко-општествено-животна идеологија сум изгубена ко сперматозоид што не може да си го најде патот до матката.
Не дека е тежок патот, нема каде освен право, ама ете, некои сперматозоиди едноставно за пенис не ги бива.
Битно мразам психијатри, шмизли, бикови, лавови, цркви, авторитет, партии, фудбал, капитализам, консумеризам, кучкински период за парење, тупи луѓе, струката што ја студирам, книги од Николас Спаркс и Пауло Коељо, бирократија, национализам, облека со бобици, задоцнета пролет, јавен превоз и риба на сите начини.
Има и работи што ги сакам, ама нема да ги набројам се со цел да ја зачувам даркерската емо жичка што се провлече низ текстов.
До следното видување.