Сабота. Главоболки, малиџано и чадор расклопен и отклопен и заигран и паднат на крајот на денот во ќош од купатило.
АКСЦ е местото. Кај што планирам многу, се надевам на уште повеќе и верувам до максимум.
Поезија, перформанс, читање, креации, новини, буење од информации и самоодржлив простор кој плени со фактот дека нема хиерархија.
Можеби има утопии во скопскиов воздух, ама уметничкиот порив е секогаш посилен од позерајот. Веќе и си организирав изложба за сестра ми и едно идно поетско читање и дебата. Греено вино и позитивни лица. Верувам, како прв ентузијаст кога ќе запише театарска режија, компаративна книжевност или правни студии, сеедно. Верувам.
Зошто да не.
Филмови, ќофтиња, пуканки, Менада до гуша во рокенрол, ненаситно јадење помфрит, пиво од нога и ќебапи во 1 по полноќ, зошто градот те гушка и покрај тоа што ти тежи на плеќите.
Може и само сме меланхолични, ќе си речам, вака, општо.
Синедејс и ок сум. Бесон е лажго. На Вуди Ален немаше карти. Дјуран Дјуран вечерва. Малине филмчиња за во џеб ме нервираа. Немам време за се’. Се изривам низ работничкиве нервози и мирувам со шише вода додека трчам на степерот ко Бриџит Џоунс.
Верувам.
Тоа е мојот збор денес. А и секогаш.
М.