Ле драга.
Ќе почнам со тоа дека сега и од искуство знам дека земјава, нашата сакана татковина ни за веце шоља не ја бива. Бев, ја прошетав Европа, колку што можев за недела и кусур дена и си дојдов со импресии кои ќе траат заувјек. Средношколска, повеќедневна екскурзија, драга, згора на тоа па и надвор од државата, ти е трип на триповите. Се шо се деси за толку малце време, не се дешава ин риал лајф ни за десет пати подолго време. И покрај некои недостатоци, преовладуват моментите кои срцето ми го натераа да се посере од чукање ко ненормално.
Од градовите шо ги посетив, за најдобар, најуреден, со најдобар систем за живеење го сметам Виена. Тоа е град со историја и архитектура шо у Скопје сакаат да ја пренесат ама не се ни близу. Огромен феил им е тоа, ама шогиебам. Не ме гајле. Немав време да ги простудирам тамошните луѓе, башка и од странци вриеше ама осетив дека да не го неќев германскиот јазик тамо ќе ми беше целта за да живеам.
Виена помина. Биде Салзбург, градо на маестрото генијалец Моцарт и неговата сестра, логично нели.
Париз, град на светлината, а ништо посветол од Кочани, рецимо. Шала. Париз свети од културно, историско људско и уметничко богатство. Таму мислам дека е кремацо на светот. Исто плени со страшно перфектна архитектура, музичари на улица на кои вода можат да им носат 98 посто од нашта фејк одбрана естрада. Љубов се осеќа спрема сите тие шо ти се насмеат на улица, а знаеш дека прв и последен пат ги глеаш. Водичот у Париз ни беше пијана комедија, човек шо е интелигентен и знаеше за Париз ама се шо ни кажа беше дека таму цигари не можеш туку така лесно да купиш, си има посебни продавници ТАБАК и таму изгор е. Беше у Лувр, беше у Версај, видев ги тие уметнички парчиња, фамозната Мона Лиза и нејзината никаква фаца. Ништо посебно ама човекот си бил манга па ја нацртал. Првата скулптура у свето, закачалката на Луј четиринаести, министерската софра на Наполеон, неговото вечно почивалиште, Шанзелизе, триунфални капии и Ајфиеловата кула шо е пониска одколку шо очекував. Не ме воодушеви нешто посебно ама ја фотнав стопоеесиљади пати за мојте дома. Македонска сељачана у душа ти е тоа. Не само ја, сите. Франција е демократска земја, ни го напнаа со тоа. Нема малцинство и се функционира перфектно. Доказ, фотографирање на француска административна зграда, никому ништо. Ја фоткаш америчка амбасада и те носат у подрум цијаши и те распитуват кој си, шо си, дали јадеш кисело млеко и слични срања. Абе демократии се и тиа и тиа. Сеедно. Алкохол се пиеше, имаше машкоженски контакт, имаше забава, имаше се што би требало да има на едно средношколско путовање, на дел од вас им е познато шо збора, дел го испуштиле тој мерак, дел енос ќе го доживеат. Ќе го забраев местото шо не само на децата им е од огромно задоволство да го посетат. Дизниленд е посебен свет и тоа не у метафорична смисла шо ногу пати се мисли за други работи, туку стварно. Тоа е засебен свет. Свет од цртаните филмови. Толку работи видов шо ми го згреаа срцето, ја уште дете ко шо сум си ептен бев радосен. Скапо, изгор, ама бесценето. Толку амбиентално, толку осмислено, толку средено и под контрола ставено што никој навикнат на условите на овие простори не би го земал за реално веднаш. Ех, и после Македонија била чудесна. Ебате чудесијата ебати, ебати патриотизам ебати се.
Венеција, роматничен град демек, така ни го претставија, градо на Казанова и кој ти знам друг, убав и мирише на море и школки. До негде убаво. Скапи сендвичи од сегде јадевме, ама у Венеција најскапи. Уште ме боле хранопроводо за тај сендвич. Небитно. Исто како и претходните и Венеција плени со убаини, генијално уметнички архитектури, канали, кајчиња, бродови, магнети за на фрижидер и разгледници. Можда оти немав сила, се измалтретиравме малце пред да и влеземе си бродо крстарејќи не ја земав со толкава воздишка како другите места. Или па едноставно, не ми се свиѓаше ногу. Ќе идам па, па ќе си кажам за сигурно.
Најубаво си поминав и ти ми фалеше драга. Скришно те посетував преку телефоно од бензински и хотели кај шо одвојував по 4,23 минути за вајфај. Незаборавно.