Ннн да.
Го гледав Аватар. Ефекти прекрасни. После тоа сонував виножита.
Се љубевме со Мио мој Мио.
Си купив пар фармерки што ми пуштаат боја, маица со Елвис Присли и парфемче а уз него ми дадоа и крем за петица. Што фино.
Денес сум весела. Зошто терав шопинг, се враќав пеш дома, сонце ми ги јадеше образите и му купив Пумба лижавче на љубовот мој, чисто онака.
Друго... Рекреација и студ. Вечер ќе свиркаме во Алур, онака, од ќеиф, јас немав поим за тоа, ама сега ми одговара.
Заработеното ќе го трошам на скубење влакна.
О јеа!
Да се биде жена, дама, тепач и поет во едно, е некогаш тешка работа.
Ма дај.
Дома се поправа болјерот, па во легени од кујна влечкав вода да би се окупала. Се осеќав ко на камп - прекраснотија.
Вчера во еден кафич (нема да именујем!), ни помалку ни повеќе, од гипс картонот позади плазма тв- то, излезе глушец!

Го спобркаа и спотепаа со џогер.
Отидов да го видам од поблиску.
Мрцко со мали ушиња. Знам дека се полни со болештини, ама мене ми се виде пријателско.
Пола жени од кафичот изрипаа и излегоа надвор.
Некои се качија по маси.
За пола саат од инцидентот, се испразни кафичов.
Битно се изнасмеав за стоилјади години.
Ваљда уште сум женско, и покрај фактот што сакав да го видам и фатам.
Настрана гадостите, глувчето беше мило.
Јадам ориз сега и зјапам ЗОИ.
Некоја чудна хермафродитна певаљка пееше Алелуја.
Добри моменти.
Ми се перат фармерките и искача мастило од машината за перење. Мајка ми урла.
Неважни информации, а саботнава симфонија свири ко на стероиди.
Јас, уживам.
И да. Една песна од еден фолкер, ја гледав на нечив телевизор, ми се свиде!:kesa:
Не е баш фолк. Темата е Фејсбук, Мајспејс итн. Многу модерно спотче.
Епа толку од Медеа.
Нешто друго...? Роденденот пројде во смеа и кадросуење.
Бев на компаратистички ручек со тројца лавови во хороскоп, плус ја, и мислам дека изгледаше повеќе од театрално. Правиме весник, ќе се вика Бршлен, и се надеваме на аирлии.
Ја сонував Кали, ми беше гуру.
А по чиста случајност, денес го слушав Елвис сабајлево, и потоа, ме најде во еден бутик, истиот тој, испечатен на маица, и си го земав дома.
Фрекфенции - лудила.
Поздрав!