Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
кајгана,
па не е фер, пак јас сум малер... аман веке!!!!
и на никој не му е грижа како ми е мене сите бе само себе си се гледаат едноставно не ми се верува па толку ли сум невидлива и неважна? :jaj:
ајт отидов да дремам пред тв :tv: не излегувам од дома малер суммммм :tapp::toe:
чао
 
Драга Кајгана,

Велиш лоши денови за кога ни make up sex не ги поправа работите.

Малее паааа..
 
Драга,
апелирам до оние што ги прават патиштата (јп македонски пат, патишта и улици, улици и сокаци, whatever) да ги средат пошто сиротата кола што све не ми истрпе! Душа и срце ме болеа кога трескаше кутра цеца по дупките, особено една голема (кога викам голема мислам О-Г-Р-О-М-Н-А, не знам како не пропаднав сосе кола во неа), а земајќи во обзир дека ако ја избегнев ќе требаше во река да завршам, немав друг избор освен да се истрескам и да се надевам дека нема да ми се откачи некое тркало како последица на колизијата од епски размери и да бидам среќна што продолжи да се движи после тој звук што срце ми застана кога го слушнав! Елем (не струја, него елем as in-да резимирам), ќе имаме Скопје-Футурама, а ќе нема како да стигнат луѓе до него, зашто по овие патишта нема возење. Освен со воловска кола евентуално.
Така, сега откако си ги искажав фрустрациите, да ти кажам дека убаво си поминав онаму. Едно што излегов од дома после една недела, друго што :back:
Ете така. Сега чекаме недела. Расположење подобро отколку сабајле. Се' друго стање редовно.
See ya:salut:
 
Драга,

порачано е готово :vozbud:,
а то шо иам утре испит и шо најверојатно ќе му се испосерам е друго двајсе.

Се најубо


†GODLIKE†
 
Драгунова Белосина,
Да, пак Ханзо, да, пак ќе хејта. Ханзо одамна објави војна на се, и така еден ден, мистериозен човек дојава (на коњ де) до него и го опраша: How goes the war, oh Lord of the Some Shitty Medieval Tribe Name Here? Shut your polite mouth, puny peasant! Сссснк (мечот) Пљљккх (ова крв прска). Селанецот одјава (на коњ).
Chapter II
Dragunova, repetitio est mater studiorum. Енис! Не e! Repetitio est mater fukino otupaneo. Исто, исто, исто! ИСТО! Fuck you whale, and fuck you dolphin! Што е ова?! Ова бе, ова! Ми се дере! И ногата, не се умори бе веќе!? АМАН! WAAGARHGARBL!
 
Драга кајги, денеска правев
тест по математика.
Решив све освен една
задача...
Се надевам дека ќе добијам
добра оценка :)
 
Кајги.. јованчевски ни даде мејкап сесија баш супер! иам рок 2 недели да научам тоа мрежите и да си ги слушам редовно тие два предмета ако не КЕП КЕП... али нема кој да ми објасни бе кајги.. тоа серверите некако ми се глупи бе не ги сваќам...
А да.. го глеав и автар дури 2 пати кајги. топ филмче стварно. ај сеа да те расчепкам па да си легнам..
поззз
 
Кајгана,

Страшно е ова што го правам од себе. Само толку.
 
Кајгана

Повторно неможам или несакам да спијам
Извини ако те рабудам :smir:


...
Би сакал да можам
сета љубов да ти ја пренесам,
тој облак од бескраен копнеж,
од нежност и топлина...
Небото кое те покрива
сета моја љубов да ја разнесе
и разгори по тебе
и да продолжи да тече...

Дали ова веќе било
или допрва ќе се случи?
Сеедно.
Ми тече љубов
и јас само би ја дарувал,
дали вчера или денес
неважно е за мене.

Неможам, ме заболе главава ептен ...чао :helou:
 
кајгано гледај бе у кое време легнувам.. дај бе еден ден барем еден ебан ден да легнам у по пристојно време барем у 2 3 нека е ако нишо више!!!
 
Кајгано,
Знаеш ли какво е чувството кога ти се тресат нозете,очите ти испаѓаат од глава,желудникот го осеќаш во уста,во вени имаш повеќе вино од крв и си спиена само 2 саата,а мораш да работиш?
Ќе ти умрам....дефинитивно :(
 
И сеа шо праиме?

Викаат дека се` минува, дека се` ќе си дојде на свое место, викаат what goes around comes around. Ќе спијам на тоа уво, и онака немам нешто многу избор околу тоа, но меѓувремено за прв пат во животот не смеам да ги оставам конците на животот да ги влече Господ, Трајко или Петко, морам да ги повлечам јас, а чим ги влечам јас, тогашно јасно ни е на сите како ќе бидат извлечени.

Периодот кога работев со луѓе кои доаѓаат низ влезната врата со побарувања од најразличен тип иако на шалтерот не ни пишува “побарајте што ви душа сака“, стриктно работевме со книги, а во тој период со одреден тип на книги... забележав дека дури и една општествена “ствар“ као купување и продавање, функционира отприлика на ист начин како и наизменичното надоаѓање на брановите, како наезда на скакулци, како летна суша...
Интересен е тој феномен, законите на природата кои секогаш мислиме дека и припаѓаат само неа, а за неа мислиме дека е надвор од градот и важи за оние “нечовечки“ суштества, всушност, делувале и на нас, и тоа токму тука на плоштадот Македонија каде ништо не е оставено на случајноста и Господ.
Но, кога човек ќе погледне од тој смешен агол, плоштадот го заплисна бранот на изградба. Со години никој воопшто не го пипна, па потоа имаше мал потрес од реконструкција, па пауза, па малку поголем со оградување и ставање темели, и на крајот дојде големиот земјотрес, то ест изградбата на све и сва... и потоа веројатно пак ќе се сталожат работите до следниот земјотрес после неколку денеции. Се` е мирно и тивко, но кога земјотресот удира, прави од градот попара со бисквити. И тоа турски, неквалитетни бисквити.

Од кога прифатив дека и нашата животна линија е таква, со правилна но несфатлива осцилација, кога сфатив дека графиконот мора да има ups and downs, се почувствував толку опуштено и ослободено, мислев дека од сега натаму животот ќе ми биде бајка живеејќи со сознанието дека секоја мака е дел од мене и само треба да причекам да си замине. Се лажев малку, чувството брзо бледнее, исто како после положениот испит, набргу потоа сфаќаш дека имаш нов. Како чувството по последниот положен испит, брзо потоа сфаќаш дека немаш работа или некој те малтретира на работното место. Исто како кога даваш отказ, па потоа сфаќаш дека децата ти се гладни. Исто како што кога ќе ги најадеш... The shit just goes and goes...

Некои денови, по истиов принцип знаат да бидат вистински хемороид. Ќе се разбудиш со главоболка, ќе си го удриш прстот од ногарката на масата, ќе задоцниш на закажаното место, некој ќе ја заборави торбата па ќе се вратите, ќе ви заврне невиден снег по пат, ќе направите сообраќајка, ќе го загубите натпреварот на најнесреќен можен начин, ќе смрзнете чекајќи ред во болница, ќе сфатите згора на се` дека сте заменлив како капаче од кока кола. I`m just sayin`, не дека навистина се случуваат вакви денови минатата сабота.
Потоа, без да бидете свесни, веројатно ќе ја најдете вистинската хемија, вистинкото апче, дрогата која ги прави луѓето магични, по важно, која ве прави вас магична, во текот на вечерта враќајки се дома во некое непознато маало ќе извикате гласно едно обично “Аааа...“ и ќе се насмеете за комшиите да ве слушнат и нема да ви биде гајле дали се љубоморни на вашата среќа и преубави чувства. Денот кога сте постигнале рекорд, денот кога го видовте вашиот татко како плаче од среќа, денот кога историјата вие ја пишувавте со две раце, денот кога сонцето светеше силно и за пријателите, денот кога баба ви ви` кажа дека се чувствува прекрасно по излетот и има насмевка на лицето. Не дека ми се случило, само нагаѓам, може било пред две години, може ќе биде за два месеци, кој да знае. :toe:

Туку, никој не ми кажува сеа шо праиме? Ало! Не ме гледај така блентаво, кажи ми сеа шо ќе праиме?
Еј ама си упорен...
Чим не кажуеш, ја ќе ти кажам шо ќе праиме. Ќе ја завршиме работава овде, ќе истрпиме малку додека ни се качуваат на глава, нема да избувнеме како што знаеме, бидејќи нема потреба, иако тоа го прават насилнички, во право се. Си згрешил, сноси ги последиците, не си згрешил, молчи зашто не си безгрешен со гаранција, само не ти го нашле незапишаниот датум, промашениот фолдер, погрешно впишаниот наслов.
Потоа, нема да кенкаш и ќе ги земеш витаминчињата шо ти ги препорача личниот тренер, ќе ги земаш редовно и ќе припазиш на исхраната, доведи се веќе еднаш во ред, и онака го менуваш начинот на живеење.
На крајот, ќе продолжиш да и посветуваш внимание како и до сега, проклето си заслужува.

Ајде сега врати се на работа...
п.с. Фала богу веќе ни постовите во Драга Кајгана не ми се како што треба, конечно се враќам свесно во реалноста. :baeh: Вие сте уште заглавени.
п.п.с Лажам, ист сум ко вас. :)
 
О, колкав пост пишал Виктор :) Ај ќе го прочитам сеа, да видам него шо го мачит :)

А овајпат, и мене ме мачат работи... Ме мачит чешањето во гипсот, неподвижноста, фактот дека скоро месец дена ќе треба да седам неподвижен, или во најдобар случај со патерици. А и тие скапи, мамицата...

Градска болница е шит. Чекав саат и половина со раскрвавена нога, а докторот или и се насладуваше на градите на (па и не така надарената, али очигледно МИЛФ) сестра, или глеаше големиот брат. Али модерна рентген машина имаат, мајке ми... NOT!

На собава ионака и се имав згадено, само за тренинзи ме немаше, цело време сум затворен, ко во домашен притвор. А никој не ми е крив за тоа, сам си сум. Сеа ќе ме замразат четириве ѕида од шо цело време ќе ме гледаат. Идиотска работа.

Осеќам два типа на болка. Едната тапа и внатрешна, интензивна и пулсирачка, од скршените ковчиња, а другата површинска, остра и уште поинтензивна од раскрвареното месо.

Ми требит женска нега. Ми требит девојче кое редовно ќе ме посетвит дома и ќе се секират за мене. Се си мислам дека поарно ќе го поминев така периодот. Ама немат, шо да прајме.

Се изнатрескав неврзани работи. Не сум спиен цела вечер од болка, не е за замерка. Ај, да го прочитам Виктора, па да терам даље...
 
Драга,
Најебан ден у годинава.Нека си ебе матер!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom