Драга,
Може јас и другарка ми не сме тие што бевме во средно (ептен бевме мрднати тогаш, муабетите само ние си ги разбиравме, и секогаш се смеевме), али уште си имаме свои моменти. Посериозни сме и посериозни муабети сега се вртат, али таа лудата (детска) жичка мислам дека уште дооолго време ќе ја имаме.
Ништо посебно не правам деновиве, али мозоков ќе ми пукне. Не знам ни сама од што, лош период за да си се разберам сама себе ме има фатено.
Затоа, си земам ќебе сега, симнав комедија, ќе си го пуштам филмот и ќе кулирам само.
Утре одам да ми ги тргнат конциве конечно, а потоа најверојатно по штикли.
Првово, лошо искуство, се надевам нема да имам белег, а да не зборам колку сум уште нервозна бидејќи друг ме зафркна. Да бев јас виновна, ќе беше во ред.
Второво, потреба! Никакво задоволство, туку потреба. Давам пари за да кукам колку ме болат стапалата после тоа ... :/