Први септември помина, а заборавив пост да пишам, санава ган
Си шетам низ маало прееска и едно мало девојче им вика на другарките дека е време да си оди дома, пошто утре требало во 8 да биде во школо. Лошоуууууу

Ко помал негде од почеток на август ме фаќаше депресија ради крајот на летниот распуст

Често ми се случуваше секој ден да сонувам како правам тест и каснам на тестот...

Ама затоа до 20 и некој август веќе бев помирен со судбината, и онака на последниот ден пред да одиме во школо бев највесел и ги ремете другите кои паѓаа во тешки депресии

Првиот училишен ден секогаш ми траеше како цело вечност. Онака стануваш во 6 и 20 после 3 месеци, уште во 8 и пол се враќаш дома, и цел ден седите во маало

Времиња...
Вечерва бев многу вреден

Кога ќе решам да средувам ми нема рамен. Сум ја подредил голем дел од литературата по мојата и струката на татко ми и во тефтерче сум напишал која книга каде стои. Утре ми останува да го завршам остатокот

Конечно тефтерите што му ги давале на татко ми низ годиниве (некои и од 94-та) почнав масовно да ги користам. Ми дојдоа како кец на десетка

Си најдов и некои тин шеми дур раскревав

Отворам едната и гледам листа на 20 песни и прва е Do you know од Енрике. Си викам, па не се толку стари. Гледам напред од 2007 биле

Зар 6 факинг години поминаа од времето кога си ја праќавме песнава по мобилни?
И то...
Имам големи планови за наредниов период, а треба и некои многу битни животни одлуки да донесам.
Првата е донесена

Ќе се шишам кецарица или двоИка, прв пат после седмо одделение

И така ќе си терам до крајот на животот, пошто и онака ќе ме снајде ќељава судбина за некоја година

Е другите одлуки не се лесни и директно влијаат на мојата иднина. На арно нека е, што и да изберам

Септември и не е така лош месец, и онака есента лека полека ми станува омилено годишно време...
П.с. за нова година ќе си го вратам стариот ник
