Драга,
Не знам што го плукаат месецов. Септември си е супер, тоа што иде по него е срање.
Септември ми било секогаш почеток за нешто, ни топло, ни ладно, совршено време. Декември, јануари, февруари, крш месеци. Депресивни, студени. Не сакам студено, мразам студено.
Јануари е секогаш почеток на една нова година, но мене во последно време ми е очаен. Очекуваш промена на подобро, оди на полошо, сам се зафркнуваш, психата те заебава.
Ништо не сум сторила од тоа што мислев да правам кога ќе се вратам. Три дена не ми беше добро, штом времето се сменува, мене одма на здравјето ме мава. Другите три дена не знам кога спијам, кога јадам, кога само дремам, кога сум надвор, лош ПМС месецов.
Си го пореметив спиењето скроз на скроз, кога другите стануваат, јас тогаш легнувам. И затоа сум во ебано неефикасна состојба, и физички и психички.
Денес цел ден се влечам ко црево, ни до двор не стигнав. Одам по некој сантим едвај, оти ако пробам повеќе, мислам телово на две ќе ми се распадне. Абе ни апчиња, ни ништо не помага. Знаеш дека по некоја груба статистика секоја жена има циклус вкупно 8 години од животот?

Утешително во овие моменти, да.
Исто, симнав филмови, серии, кои не знам ни кога ќе ги гледам, а знам дека за некое време, ќе имам ич време.
Сега што гледам една, оти и така нема што да правам во раните утрински часови кога нели, сите спијат, абе као демек љубовна прича, али пола сезона ја поминав и уште се немаат бакнато мори. Абе ништо бе! Извртев понатака, не само кис, ќе падне и секс за некоја епизода, фала им, конечно.
Ќе си направам едно кафе покасно, да почнам да си тргам една по една обврска од сабајле, оти црно ми се пишува инаку. Па, да поспијам 2-3 саати, за да заспијам вечерта како што е ред. Не можам да се трпам многу кога ништо корисно не правам.
А да, некако депресивни песнички си слушам исто деновиве. Ај поздрав.