денес пак читав една книга,поточно почнав да ја читам вчера,
и замисли јас цел живот си мислев Корчагин е нашиот Раде, а тоа да ти бил
некој си Павка,односно Павел од „Како се калеше челикот“ од некој си Островски, а јас не оти не знам како се кали челикот, а сигурно и повеќе знам и од самиот тој некој си Островски,па малку ли сум им калел на моине паланчани штемајзи правени од арматура 26мм или на кумановци сатори правени од лиснеста пружина од стар автомобил, е оваа како се калеше челикот требаше да ја читам пред 45 години ама ја да сум ти бил по читањето тогаш немаше да останам на ова да калам челици 40 години.
(туку некаде ќе клатев врата и ќе гледав како други мават со чеканите)