Драга,
Кога веќе протестираат средношколциве, ај те моооолам, нека им текне да си протестираат каде што треба.
Ме нервираат максимално. Цели два саати вртат околу улицава, со свирки, тапани и слични глупости, се дерат и ми реметат мир. И вчера и денес. Па у пм бе, иди пред општина, застани пред гимназија, тропај и викај колку сакаш. Што сум крива јас или што можам јас да помогнам или комшијава од лево?!?
Разлигавени дечишта, пола од нив живеат за да се направат мортус во петок и сабота, а пола мислам оти ќе се убијат ако не добијат лајк на слика на фб.
Колку се неписмени, ни еден протест не знаат како треба да изгледа.
Али не е битно тоа, и така сите ќе се испозапишат на факултет, и тие што треба, и тие што не треба, може ќе протестираат и пред влада догодина ако паднат на некој испит. Лигуши.