Драга кајгана ај да скршам мраз и да пишам и јас тука
Оваа година мамето ми се расплака, само назад и назад шо фати камен стори се. Го изгубив оној кој ми беше водач во семејството, учител, некој кој ме поддржуваше за секоја моја помисла, секој мој чекор и кога постапував правилно и кога грешев. Зошто бог ги зема добрите луѓе не можам да сватам. Некако во последно време постојано размислувам за овие работи, пробувам да ја најдам суштината на животот но никако не успевам, со надеж сум за неколку месеци да завршам факултет но после се што ми се случи не чувстувам никаква возбуда и радост. Моментално мислам дека ми е најтешко во животот, уште тие 5 испити од овој семестар многу тешко се решавам да седнам да учам и во времето кое ми останува. Многу малку време ми останува да спијам али незнам дење и да ми остани некој саат не го користам, имам еден куп работа па згора на се и ме дупи овај мозокот си ја вадам душата и вежбам секој ден. Станувам ко ненормален уште во 5 часот за што? незнам ни самиот зошто се форсирам до толку кога телото кое ќе го изградам до крајот на јуни ќе го изгубам повторно летово кога ќе работам по 20 сати на ден, нема да имам време да вежбам и да спијам. Се чудам што би работел после факултетот, да ме прашаше човек до пред 2 месеци знаев да одговорам дека ќе се запишам на пост-дипломски и тоа дека ќе барам чаре некаде во странство, но веќе не сум истиот, не дека не ми се учи туку не гледам кој би бил ќарот од постдипломските, што би ми мениле во животот, а за нив треба да потрошам уште 2 години од мојот живот и еден куп пари. Од ден на ден не можам да ги сватам луѓето околу мене, се курчат, чекаат се на своите родители, форсираат некои моди или незнам што а немаат извадено ебан денар во животот, сите се над 21 година, пола ден го минуваат на кафе некаде ебаваат по 300 денари на ден минимум и играат игри на компјутер како дури бевме 15 години. Секој втор ден се пијанат како тинејџери од 16 години, абе ајде и што после. Се чудам дали се тие во право или јас што ги баталив сите овие работи, алкохол се немам напиено веќе 17 месеци ниту капка, игра на компјутер не сум ни видел, а за на кафе кога и да ме побараат немам време што и стварно го немам. Ме нервира кога луѓето кои се околу мене ми водат грижа, комшиите ми го следат секој чекор и се интересираат за мене како да сум му дома но не во позитивна смисла. Не можам да ги поднесам и оние кои ми се прават газди на моето, кои кога се кај мене знаат се како треба и што треба, а кога отидеш кај нив се кријат под маса и ги нема никаде. Луѓе кои прочитале или слушнале и се прават дека знаат се, па дури и те омаловажуваат и креваат галама дека се во право а всушност три чисти немаат али тоа е тоа. Имам да пишувам со денови, со часови но залудно