Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
damn girl...... ремек дело. од блиску уште по убава била :love: устата.... силикони да беа немаше така да испаднат :icon_lol:


некако по долг ми е денот кога ќе станам во 8,ми здосадува уште во 12......нема што да се праве :pos:
 
Драга, Марфи секогаш знае да проработа да е убаво врмето кога треба да учам o_O
 
Кајги расположен сум, само толку ќе кажам - да не фати малер да ме бие .
 
Д.
убаво еднаш еден човек рече дека од 18.00 часот па натака е тапа кога надвор е никакво времето....врне, вее, нема што да се прави.
овие што си гледаат турски серии баш им е убаво и интересно. зркнати во тв-то од 18.00 до 00.00 :facepalm:
порано ич ама ич не беше вака..........
а сега од досада мора да фатам книга........................................................................................................................................................................................................... или па да си сметнам некоја игра не правам лошо???? :sneaky:
 
Четири години не си ми откажала од љубов Кајги нема ни јас на тебе.. За 5 год. ќе прославиме со песна.. Остани ми каква што си..
 
Те немам видено којзнае колку години и ако ова што го чув е вистина тогаш, што човек да каже освен збогум. Ниту еден човек кој го сретнав во животов не го чувствувам како странец, додека се живи ми е раат знам дека се добро, кога ќе чујам ваква вест ми текнува на една реченица која секогаш ми минува во глава во период на вакви мигови „Тагата што ја имам во душава ме убива“. Нема поцелосна реченица од тоа да се опише духовната состојба на човек кога е на дно и можеби и ти си го чувствувала тоа.

Не ги судам оние што го прават она што си го направила. Не мислам дека е мое да ги судам овие работи. Но, жалам што деновите тука ти завршија. Можам само да речам, се надевам ќе најдеш мир.
 
Драга,

Ден покасно од планираното сум си дома. Многу ме нервира кога ради нешто/некој моите планови менуваат правец, вектор, насока, итн.

ПМС ме дрма и е во најголемиот ек.
Арно што овојпат не ме фати криза за ронење солзички, уште тоа ми фалеше. Сите ме нервираат, не сакам со никој да зборувам, а со тие што сакам, од тоа што се ме нервира, можам и кај нив да зафркнам работа со некои мои испади и после да си свиркам.
Најдобро е во вакви ситуации да си се изолирам и да не им го реметам мирот и на другите.

Не сум толку лоша Кајги, обично само кај една личност заебувам работа, таму кајшто не треба. Жално е што ко секој трет ден да ме фаќа ПМС во врска со оваа личност. Не е на арно, ич не е, сама си се мразам за тоа, уште малку и ќе почнам да се шамарам ако не се оправам.

А да. Го мразам дождот. Не знам да уживам во него.
Ако уште еднаш ова некој ми го посочи ко мана, ќе ми се спојат жичките.
Најтрагично е што тоа го слушам од самопрогласени љубители на природата, кои фрлаат ѓубре кај ќе им текне.

Уште нешто. Не ни стигнав да се соблечам на кратки ракави барем, а уште од сега оние веќе смачени коментари од типот - Леле, зошто си толку бела?! :rolleyes:
Вампир сум душо, ете затоа. :sneaky:
Кајги, не се ни свесни колку си го сакам мојот аристократски, т.е вампирски тен. Нека ми се фатат за малото прсте. ;)

Само мрчење, мрчење, мрчење ... За 50% од ова е крив ПМСот, а другото сум си целосно јас! :pipi:
 
Е драга кајгана во оваа држава да имавме квалитетни лидери како што имаме комичари и сеирџии до сега ќе бевме многу далеку ...
 
Кајг,

шо сум нашла една страна со игрици, цел андроид свет го симнав..(y) се шо ми течело лиги у Гугл Плеј. Се бре.
2 гига музика избришав да ме збере... :eek:
Морав да се пофалам, а и да се пожалам.
Сеа кога ќе спијам во волку игрици?!:гик:
 
Е здраво, не, не чуди се. не сум станал рано само не сум спиел... пак -_- филмски маратон пред колоквиумска, баш интересно... т.е. тогаш се е интересно освен учење... Се чудам успат, како толку забегуваат луѓево, дали тие се менуваат, така ми се чини или едноставно се менуваат кон мене? ако е третото тогаш не е во ред нешто со мене (дада знам, не е, одамна не е )
Изгледа ми треба повеќе сон, стварно забите почнаа да ми растат...
поздрави и честиЧки :D
 
Имам многу за пишување, али немам моментално време... дека на работа. Све е отидено уПМ, сите само се праат "ангели" низ нетов.
 
Иронијата во нашава државичка е да си образован за три професии, а да работиш сосем четврта за која не си компетентен.......али тоа е....Видов што значи да бидеш дел од војна помеѓу нотар и адвокат....тоа е еднакво на Северна и Јужна Кореја.......Денес си влегов во Европа фино лепо си потрошив едно 300 денари на благо и сега јадам како да не сум видела....оние олд скул бомбони во зелени фолиички со лешници и кафени со кафе мммммм и плус чоко локум милинаааа:vozbud:.
И за прв пат после средно ја сфаќам радоста кога ќе дојде викенд. Сега си одмарам со сите четири у вис и ич не ми чуе :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom