Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Еден познаник сакаше да се дружиме после одамна невидението па фејсбук богојавлението. Се` тоа океј, али напињаше. Му реков дека не можеме да искочиме пошо неаме исти интереси после прашањата :"Дали депресивноста за тебе е здраворазумен point of view? Што збориш со другар(к)ите коа искачате? Глеаш ли психо филмови?" После неколку дена, ете добив непристоен комплимент у смс... Некои луѓе толку форсираат да изгледаат нормални, на крај сепак не се. Среќа што не се, само нека не го форсираат тоа дека се. Само што ја преферирам онаа "обичната" лудост што се среќава кај осамени, генијални или "прехибридизирани" (измиксувани гени), а не оваа. :D

Друго, дознав многу работи за кофеин, никотин, алкохол и триста други отрови што обавезно си ги конзумираме или со кои сме у контакт, во склоп на адитиви во храна, во склоп на средства за чистење, а богами и воздухов кој го дишиме. На крај, не можете никој да осудите, пошто не знаете со какви се` супстанци бил у контакт у животот и како му измениле нервен систем. :D Не ми се свиѓа коа некој ми форсира здрав лајфстајл, или коа притоа изгледаат како да го сфатиле битието или нешто, но ако некогаш навлезам во тоа, ќе биде со добро познавање у позадина и со конструктивна енергија во себе.

Не е мала ствар, ниту занемарлива. Тоа и проблемот со целата наука и слично, едноставно не можеш да пристапиш плитко или да сфатиш брзо. Затоа е секогаш фрустрирачки. Не знам као да ја надминам фрустрацијата од незнаењето. На крај си или во стилот fuck it, или во стилот i'll waste my life on this if i have to. Веројатно завршуваш во состојба помеѓу, коа знаеш нешто, а нешто не. Ако си его-трипер, као повеќето, тогаш она нешто што го знаеш го претставуваш као да е се` што постои. А не е така. Свест и совест?!....

Пред некој ден, член на форумов ме праша мене и уште некои за Папокот на светот и Неподносливата леснотија на постоењето. Голем комплимент што бев прашана, среќа што не знае колку книги имам прочитано последниот период, т.е. колку немам. Но што се однесува до мене, би сакала и да имам прочитано многу книги, и ислушано многу бендови, и исвирено многу инструменти. За жал во животот се одбира. И се напуштаат стари патишта, и се одат нови.

И сеуште не ми е јасно како луѓето кои биле блиски, одеднаш више не комуницираат. А од друга страна не е чудно човек да е љубезен со сите .... апсурд.

Плус, не знам кој наметнал правила во општествово за тоа што, дали и како се прави или не се прави. Некако не би сакала да ги дефинирам, ниту да ги наречам правила, ама некако сите се држат до нив.
 
kajgi napraviv cross cantri vo 1 casot za edna limenka pepsi I 3 cigari, ke si curi luleto do sabajle, ke se trestat pesni na slusalki,nokta nadvor ke ja presedam
time to ease my mind
 
Многу се умарам на моменти.
Не дека не сум у право ама се умарам.
 
Драга,
15 минути зјапам и не можам да проумеам шо да ти пишам. Веројтно сакав да се пријавам дека ми е досадно. Излегов денес порано у град, па додека ги чекав другите, си седнав во една слаткарница и сам си пиев кафе. И ми беше супер. Кафе, тутун, мозок на пасење и така половин саат. После ми беше досадно :)
Иначе сум се нафукал дента три чинии грав манџа, плус лути феферонки, па цел ден прдам и пувам. Кога ќе легнам да спијам, ќе се покријам со кебе преку глава и ќе се испувам, чисто сам да си се згадам. Шегувам се, не сум до толку абдал. Или сум?
 
Леле Кајгано, нели ти е срам!
А бе зависник ме направи од тебе и твоите теми овде. Кај те најдов, кај те открив...
Се запустив од тебе, секој ден, по цел ден трошам на тебе, читајќи ги сите овие лудаци кои ги има овде (чат пат и по некој нормален се наоѓа).
Али ми го разубавуваш скоро секој ден, ми го продолжуваш животот, од што се смеам толку многу, читајќи овде секакви глупости. Така да, не смеам да се жалам.
Чат пат и понаучувам нешто ново од тебе, менувам мислење за некои работи на кои тврдокорно сум стоела, како слеп за стап.
Убаво е тоа што ми отвараш нови видици и перспективи.
Од секогаш сум сакала да учам и осознавам нови работи за животов кој го имаме.
Како и да е во прилог ми оди дружбата со тебе Кајганче...
:love:
До следното видување... Биди ми таква каква што си, немој да се менуваш ;)
 
Врага........

Двете најголеми легенди на ЈуТуб се сретнаа,fucking finally.
Можат да го затворат интернетот сега.
 
Со колку крелиња што не пазат што трескаат е накотен форумов тоа е чудо едно, ти ја нарушуваат сликата што ти ја ствараат некои стварно добри членови кои ти е мерак да ги читаш. :tapp:

Енивеј од ова времево ме убија нозете од болки, вчера и денес не можам да ги помрднам, ми се плаче.
 
Драга Кајгано

Ма где то ја живим?Во свет полн со омраза,лицемерие,користољубивост...Во свет кај што љубовта почнува да е безвредна категорија,во свет кај што се се врти околу парите а мегу лугето се поголема алчност...
Маски на лицата,што дури не е потребно да се спремаат додатно за маскенбали...И таа маска што ја имаат ке им заврши перфектна работа...
Треба некому да се додели златен медал за совршена глума...
Баталете ги Брет Пит и Анџелина Џоли кога во реалноста имаме илјада пати подобри глумци...
 
Денеска дур си стоев у бус ми пријде баба една и ме фати под рака и ми вика “ти ќе си ми држач сеа“.
Не сум видел женско битие до сега што експлицитно знае што сака па не и скршив филм.
I was the best bus-poll ever.
 
Драга... сакам да се заблагодарам на едно суштество што ме прави најсреќна на свет! Благодарам што постоиш во мојот живот! И кога целиот свет ми се руши, единствено ти си тука за да ме расположиш со подадено раче! Да, тоа моето милениче, тоа е моето кученце Бела! Со тебе животот ми доби поинаква смисла. Ме правиш среќна, а посебно кога секој ден ме пречекуваш дома, скокајќи и играјќи околу мене, радувајќи се поради моето доаѓање, како и кога со шепата ме будиш за да станам да си играме :) Можам слободно да кажам дека ти си ми најверното другарче ! :)
 
Драга,

Моево куче е попаметно од бар 70% од луѓето што ги познавам.
Не знам само дали тоа е екстра паметно за куче, или луѓево се премногу глупи за луѓе.

Се зезам, нема дилема тука. :pos:
 
Драга ..

успешно до целта на 5км, а брат ми на 21км. Догодина здравје ако сум спремна ќе пробам и ја :)
Сакав да дојдам, ама колоквиум тачно у 11 ми почињаше :/
А шо е трагично го фејлнав колоквиумот. Хахах.
/sad
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom