Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Отварам темине за политика и еден у иста реченица клал: *либерал-фашистички-комунистички режим*. (да трепти)

Таква попара во глата не ми се создајла од Руби ко ја гледав ко дете, мексичкана теленовела.
Толку прашалници во глата и на него, немаше ни Џим Кери во улогата на Џокерот во Бетмен и Робин.

Напуштив тема напрсти како од кај комшивката да си одам пошто си дошол мажотје и гнети вкујна.
 
Кајг,
многу ми е монотоно и безначајно, а и доста смешно кога сите, ама баш сите како програмирани користат еден период ист израз при конверзација, така да до пред некое време беше актуелно „со помин“, сега актуелно „имајте убав ден“, а ниеден не го мисли тоа сериозно, туку така дека е модерно :vozbud:
 
Драга,

Си го видов кучето на камера после месец.
Убава она, за ништо нема фокус, да беше човек ќе и го дадеа она attention deficiency ко дијагноза вториот месец од постоењето.
Не знам колку ме слушна, битно го излижа телефонот двапати.
Да бев во пмс, ќе се расплачев.
 
Кајги, МНР има нова глупост после она со водителкана.
Уште еден доказ зошто човек кој не е дипломат по професија не треба да е на чело на тоа министерство.Ќе даде дипломатски пасош на лица кои не се дипломати и тоа оти трчаат по топка.Јакиот успех, бе. :pos::pos:
Да се полицајци или војници ќе речеш ај тие бранат народ и држава (не мислам на уседени мрзливци, туку на луѓе што правилно си ја вршат работата), ама типови што седат во кафеана, па трчаат по топка... :lolzz:
Сами се уништуваме, другите држави ич не треба да се мачат. :tapp:
 
Драга, срам ми е да кажам колку многу работи изедов во рок од пола саат, ах Вардаре, ти си крив што тагата/нервите со јадење треба да ги смирувам сега.
 
Не можам да опишам колкав е притисокот врз мајките, и тоа од страна не само на "обични" луѓе, туку и обучени медицински лица. Неколку ситуации кои ми текнуваат:

- педијатар не` искара што му пуштам мобилен додека му зимаат брис, крв и сл. Истата таа, пошто ѝ спомнав 2 пати "антибиотик" во муабетот, ми рече "што се се врзала толку за тоа". Не сме другарки за така да си збориме.
- додека беше новороденче, од др педијатарка добив мн погрешни совети што ќе беа и ептен макотрпни за мене (за среќа знаев доволно за да не ја послушам)
- трет педијатар ни изреагира дека можеби има 1,2 модрици по телото заради наши воспитни мерки или невнимание, втф, не ја сфатив
- да не зборам за искуството после породување и односот на сите вработени, како кон парче месо се третираат мајките
- или за искуството кога го носиш на матичен педијатар и чекаш во чекална со 5 др деца што кашлаат и знаеш дека закачило уште многу др вируси, и кога веќе ќе стигнеш на ред, педијатарката заборава да те праша и најобични работи, од типот дали има температура

Како да знаат дека самодовербата ни е прилично ниска со мало дете и дека би истрпеле све на наш грб. Што е точно. Ама не мора да го употребуваат тоа. Исто во градинка, го носиме ко попчиња, молејќи се барем вода да му дадат и да не го разболат веднаш, барем 3 дена одење да спои. Не смее ниеден родител да искоментира ништо (навидум негативно) таму.

Многу пробувам да се дистанцирам од муабети за моето дете со луѓе што би сакале да коментираат за било што поврзано со него. Едноставно не ме интересираат прашања од типот "кога прооде, дали збори, дали праи вака или онака, дали спие". Не сакам други мајки да се споредуваат и да се натпреваруваат со мене, или луѓе што немаат мало дете да ми даваат забелешки за тоа што е добро или лошо.

Ми испратила пријателка страна со активности што можам да му ги пружам на детето, на пример ако имам време да бидам креативна, или ако имам простор да измокри и извалка се`. Јас знам за тие активности, но пробувам да му пружам работи во склоп на нашиот живот сега и тука. Да, секој ден се осеќам како MOM FAILURE без разлика што правам за моето дете, зошто има и милион работи што не ги правам за него. Секој ден пробувам да се охрабрам себе дека ќе успеам да го истерам денот и дека се` ќе помине во најдобар ред, иако многу работи не сум ни стигнала да ги направам. Цело време ми е во збрка мозокот што МОРА да се направи следно за да се истера денот. Секој ден ми е како Сизиф, буткање и буткање камен на карпа. Стварно е тешко и мора ние мајките да се бодриме самите себе и меѓу себе.
 
ДК,

Спаднавме на ова ниво како држава и народ затоа што во 2022ра, некој уште упорно го вика Мики Црнокрак у емисија, со неговите подочњаци до колена и тоа козјо селско брадиче што го има.
 
ДК
и да се појави супер способен лик кој би се нафатил да ја среди нашата држава за греота човекот нема да знае од каде да почне...
Читам срамота било фудбалерите што добиле дипломатски пасош.. Па дали во понова наша историја толку се пишувало за МК во позитивна конотација? Дали постои некој што не се смешкал онака со полно срце кога ги читаше коментарите? Заслужиле момците, браво! :love:
 
Албанец за премиер и претседател на Македонија ! (пошо нашиве куртони за кур не ги бива)

И дај кажете кај се вади книшка од ДУИ. Сакам да станам член.
 
Деновиве видов колку Украинците се сложен народ. Голем број од нив чекаа на погрешен пункт и нивни сонародници од другата колона на другиот пункт им кажаа да се префрлат и каде всушност треба да чекаат и за што да треба помош излегуваат во пресрет секому. И не само за тоа ги гледам дека во сите ситуации се држат заедно и делуваат како едно и се грижат едни за други.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom