Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Деновиве видов колку Битолчани се прекрасен народ. Цело Македонски лица по улиците - позитивна енергија, битолчанки стегнати, дотерани, бацината сегде испоседнати, убавини. Ако има еден град шо знај како се живеј во Македонија тоа е Битола. Сабота, широксокак. Култура.

Ко че слушните песни за тоа како Битолчани не го давааат Битола ни за Солун ни за Константинопол, немојте да мислите дека тоа е безвезе општа локало-патриотска приказна и ради реда испеана патриотска песна - ноуп бој, тоа е со повеќе од една причина.

И велам на една колешка Стразбур да те земам вака нема да биди. По улиците Поршиња, Ауди, сето по германска линија. Бајди се покажавте и велам. Пола ми вели, се од Рек-Битола. Другата пола од матни бизниси.

Битолчани, прилепчанецов ве сака неизмерно. Да, знам дека ние сме, директни и непријатни. Ама заедно сме спојка од небото.
 
Дојдов од работа и гледам татко ми пуштил некоја контактна емисија на Телма. Ставиле две теми за кои можат да дискутираат гледачите. Едната за бугарски пасоши, другата за тоа дали Крис Рок заслужил шамар од Вил Смит. Која комбинација на теми човече... :D
 
Драга

Вечерва беше убаво времето за шетање. Си го направив кругот кој го правев и додека шетав на една клупа седеа две девојки и имаа еден малтезар со нив. Овој малтезаров буквално имаше сексуален однос со ногата на едната од девојките, па не знам како издржав, а да не се смеам додека проаѓав покрај нив, иако оваа умираше од смеа. Можеби затоа што се сочувствувам и точно знам како му е на кутрото суштество. :unsure:
 
ДК

Сопствениците што ги оставаат кучињата да му се драпаат по нозете така напалени, има големи шанси да му дозволуваат многу повеќе зад скриени врати.

Добра ноќ Кајгич.
 
Драга

Која е потребата да славиш годишница од брак со десет луѓе?
Каква врска имам јас на пример со нечиј брак?
Или само си наоѓаат причина за славење и поклончиња да им носат?
Па земи таму прослави си со партнерот, напијте се, ебнете се и ајт!
 
Кајгич :love:

Дефинитивно нема поџган луѓе од медицински персонал во државичево. Секоја чест на исклучоци.
Ми се гади. Учел 6 години факултет, стажирал, специјализација, за денес да се однесува бетер од тие позади МРТ. „Ќе средиме, ќе почастиш едно шише виски и ќе средиме за термин“.
Тие позади МРТ имаат повеќе чест, образ и достоинство од копитава во бели мантили. Првиве барем заработуваат за живот, приморани се, ама вториве се деградираат себе си. Шише виски да ти биде цена за да завршиш работа за која што си се школувал, вработен за која си платен. Мизерија.
Докторе, нема проблем, штом си поевтин од едно шише виски.
Медицински сестри - дно дна е малку, уште подолу од тоа се. Не дај боже да треба да ги прашаш нешто, евентуално замолиш. Дај им 500 денари, во состојба се да ти ја бакнат раката, да ти се поклонат. Секако утре 500 че повторно. Како се истренирани со тоа раката, веднаш да си ги стават парите во џеб, алал да им е, се гледа искуството си го прави своето.
Повеќе од очигледно е дека за нив не преставува лична навреда, некој да ти стави кеш на рака и да те плати. Зарем толку вреди нивното достоинство, нивната чест? 500 денари, шише виски? Зарем не се срамат од себе си кога ќе се погледнат во огледало? Зарем не се прашуваат себе си „а бе чекај малку, зарем навистина толку вредам“? Мизерно, очајно. ПУ

И после, не чинел системот. Не чинат луѓето. Истите тие доктори и сестри, нема да помислат на било каква услуга, награда, кеш, ако работат во било која нормална држава, ама со оглед на фактот дека ние не спаѓаме во нормалните држави и во иднина ќе слушаме “1 виски и ќе средиме термин“.
Мизерија од светски размери.
 
1236906333416409.jpg

Kајг,
шетањето по Широк Сокак за да се успее да се зафати слободна маса за да се пие и пуши во околните кафичи и со саатови да се дреме на сонце со оговарање кој ќе помине и како изгледа преставува „ Град кој знајт како да живее“ и да е тоа „Култура“ како збир од материјални и духовни вредности, тури му пепел на таква култура.

kafule-2.JPG
 
Кајганке:love:

Охриѓани свечено ги покануваат скопјанишчана, како добри домаќини, да дојдат на плоштад да гледаат на видео бим пренос од фудбалската утакмица, ЗШ кај нив имаТ снемаНО, а кај нас имаТ, т.е. немаТ ШО немаТ:icon_mrgr:
И после ќе речат, лоши сме биле :sneaky:
 
Кајгич :love:

Дефинитивно нема поџган луѓе од медицински персонал во државичево. Секоја чест на исклучоци.
Ми се гади. Учел 6 години факултет, стажирал, специјализација, за денес да се однесува бетер од тие позади МРТ. „Ќе средиме, ќе почастиш едно шише виски и ќе средиме за термин“.
Тие позади МРТ имаат повеќе чест, образ и достоинство од копитава во бели мантили. Првиве барем заработуваат за живот, приморани се, ама вториве се деградираат себе си. Шише виски да ти биде цена за да завршиш работа за која што си се школувал, вработен за која си платен. Мизерија.
Докторе, нема проблем, штом си поевтин од едно шише виски.
Медицински сестри - дно дна е малку, уште подолу од тоа се. Не дај боже да треба да ги прашаш нешто, евентуално замолиш. Дај им 500 денари, во состојба се да ти ја бакнат раката, да ти се поклонат. Секако утре 500 че повторно. Како се истренирани со тоа раката, веднаш да си ги стават парите во џеб, алал да им е, се гледа искуството си го прави своето.
Повеќе од очигледно е дека за нив не преставува лична навреда, некој да ти стави кеш на рака и да те плати. Зарем толку вреди нивното достоинство, нивната чест? 500 денари, шише виски? Зарем не се срамат од себе си кога ќе се погледнат во огледало? Зарем не се прашуваат себе си „а бе чекај малку, зарем навистина толку вредам“? Мизерно, очајно. ПУ

И после, не чинел системот. Не чинат луѓето. Истите тие доктори и сестри, нема да помислат на било каква услуга, награда, кеш, ако работат во било која нормална држава, ама со оглед на фактот дека ние не спаѓаме во нормалните држави и во иднина ќе слушаме “1 виски и ќе средиме термин“.
Мизерија од светски размери.
Snimaj I prijavi vo MZ I milicija. Napishi pismeno I dostavi preku arhivi vo MZ I soodvetnata klinika pa neka se mislat tie.So iminja I preziminja na dotichnite.Se dodeka se nervirame I davame taka ke pravat.Do direktorot odi , ke vidis ke imas podobar tretman, ke si ja podvijat opashkata.
Da ne se molchi !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom