Еве седам пуштам ВХС Касета и се потсеќам на деновите кога нон стоп ми беше пуштен телевизорот на МакСпот Телевизија, незнам дали памтите секое сабајле од Пон до Пет во 09:00 часот имаше Рок Кафе со Влатко Илиевски од Морал... супер емисија за сознавање на нови хардкор бендови што прв пат ги слушаш, Сепултура, Корн, СОАД, Слипкнот, Машин Хед, Опетх, Чилдрен Оф Бодом, Напалм Дед...можеле нешто и од Мејхем да стават али сите членови им умреа пред издавање на првиот албум

Тука нормално ги вртеа и класиката ГнР, Металика, Бон Џови, Блек Сабат, Ајрон Мејден, модерните емо шминкери Расмус и ХИМ, даваа поретко и македонски рок, Архангел, Мизар, Морал, Поинт Бленк, Санаториум, понекогаш и екс Ју како Чорба, Кербер, Казалиште... Се на се одлична емисија која нажалост траеше само две сезони (2004-2006). Се отиде у курац кога 2008 К-15 ја купија МС и почнаа да се глупираат со песните незнаејќи да направат концепт на програма. Влатче (така го викаа у емисија) нажалост си почина у 2018 од предозирање :'(
Еве сега гледам постара касета, нешто што снимале роднини мои во 90-те...ТВ Тоска еј

, ја памтам оваа телевизија. Интересен вкус имале родниниве морам да признаам, од Ace od Base директно одат на Весна Змијанац
