Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Сентиментот е страшно јебено опасна ствар. Честопати кога со баба ми ја разглабавме сериозната музика, знаеше да рече: „Сакам на мојот погреб да ми ја пуштите 6тата на Чајковски“. Кога сиротата замина, желбата ѝ ја исполнивме и ја испративме заедно со меланxоличните тонови од „неговата последна - патетична“. Кога процесијата заврши си дадов збор под никакви услови да не ја пуштам пак да свири. 10 години подоцна, се враќам од работа, троа папсан ставам кафе и пуштам грамофонот - навика од средно после напорен ден. И рошкам по тоа плочите, а се осеќав некако меланхолично безгрижен (што би рекла @Crazy in Love ) си викам ај 10 години прелетаа, ваљда не е до толку работава.
Еве со шефов денес ме гледа ми вика „Абе мамлаз, нели ти прележа корона, да не презафати“, му викам „Дај боже да беше така, ова е бетер, ова е психичко разнебитување“, ме прашува „Шо бе па ти го јадеше џигерот онаа “, му викам „Да бе.“ Тешко е да му објаснувам сеа за сентименти и поврзаности со блиски лица и тажни моменти. Па и сериозна музика уште на тоа.

So says Saladin...
 
Последно уредено:
ДК

Сум сонувал дека челниците на Хамас и Израел седеле на иста маса и договарале сценарио за разгорување на конфликтот и како да профитираат од него(пред да има конфликт т.е пред ракетиве од двете страни) и подоцна излегло видео од целата ситуација во јавност.

П.С По некоја случајност ми излезе оваа вест (https://www.mkd.mk/svet/vesti/sad-mu-prodavaat-na-izrael-oruzhje-vo-vrednost-od-735-milioni-dolari)
П.С2 Се надевам дека ќе имам сон како во некој алтернативен свет народните маси не се овци. пис оут
 
Д. Кајгана, колку треба да си low-life scumbag за да изгребеш кола стара 20 години од крај до крај од двете страни со клуч.
Се надевам дека на ваквите патетични мизерни губитници животот ќе му стани уште по мизерен. Е Б Е Т Е С Е!
 
Листајќи вести.....ми се појави и оваа глупост.
Го изгледав видеото.....копиљ си игра со луѓето.
Си велам.....што би било да ми се појави ваков мочко и да ми го каже ова на мене. Си се познавам.....ќе ми се стемни пред очи....и лошо ќе помине малиов.....и постар да е....сеедно.
Ќе му се одмили за цел живот јутуб "кариера".....и пари што заработува од гледања и се.
Патем.....отиде јабана младинава со јутуб, тик-ток и останати социјални мрежи.....не од сега.....одамна.
 
Вчера после работа отидов да јадам, секако на летна тераса во ресторан. На масата до мене седнати млади дечки, машко и женско, веројатно пар. Музика немаше па сакал - нејќел можев да им го слушнам целиот муабет. Ама немаше зошто да ми биде незгодно пошто дечково едно пола саат збореше за тоа колку е јак Ѓоковиќ, колку турнири имал земено и колку пари имал, додека типкава незаинтересирано одвреме навреме одговараше со „Аха“, „Да...“ и „Мхм“.

За доброто на другарчево, се надевам дека не им беше прв состанок...
 
Кога ќе рече некој македонска работа со пример објаснато тоа изгледа вака. Очите си ги ископаа меѓу себе за Израел и Палестина а својот двор не го гледаат.
 
Драга, се сеќаваш на мачињата за кои ти зборував претходно? Еве ги:

20210518_172812.jpg

Прогледаа, проодеа, дури почнаа да си играат надвор на сонце. :love:

Третото, за жал, не успеав да го спасам. :(
 
Здраво Кајгана друштво,

знам дека не е точната тема за вакви објави, ама е малку итно, па од страв да не остане незабележано го ставам тука:

Ова е Гоки :)
За да се подобри нејзината здравствена состојба потребни се повеќе третмани на ослободување на мускулна контарактура во српската болница медукус

Нејзината среќа кошта 2.400€

операцијата е закажана за две недели па доколку сте во можност, свртете

303DF24B-C5D5-4AB2-AE61-D5BD1D3A1FB2.jpegC1B5AD78-CA8B-4DF8-A6E5-C20F24A9A56B.jpeg
 
Последниве 7 дена... совршенство.

Не знам што се деси, како, од каде и зошто ама решив да сменам некои работи во животот. Си ветив дека ќе почнам да трчам секој ден. Си ветив дека ќе читам по 2 книги неделно. Си ветив и дека во фрижидер од благо ќе имам само благи пиперки. Дека сувомеснатото ќе го заменам со овошје и зеленчук и дека после 19:00 нема вечера.

Така и бидна. Прва недела секој ден по 4км. За некој малку, за некој многу. Ама ќе качувам по некој километар секоја недела, секако дур телото дозволува. Најголем страв ми беше дали ќе издржам вакво темпо. Сега за сега супер оди.
За полесен старт си ветив некои книги што ги имам веќе читано па оваа недела ги завршив Алхемичарот од Пауло Коељо и Божествена комедија од Данте. Да бидам искрен, најголемиот страв беше со исхраната. Чим тука не наидов на никакви потешкотии тогаш сум на прав пат.
Пробувам да си дадам објаснување зошто не сум го направил ова до сега и зошто живеам нездрав живот. Не памтам кога последен пат вака добро сум се чувствувал.
Внесувам здрава храна, месото го сведов на пилешко, у маркет трошам пола саат у сектор за овошје и зеленчук. Кафе и алкохол исфрлив, цигари не пушам секако. А, искрено и многу полесно се спие после трчање.

Веројатно се заљубив па од таму овие промени. :sramezliv:
 
Драга,
колку среќа ги прати некои луѓето, тоа е чудо невидено и до толку бидува. Некои со 4 деца, некој го чека 4то а некој најсреќлија му се погаѓа 5 деца да има (најпрепознатлив е Милошоски за то).
Влада полна со луѓе кои зркнати се да земаат само пари, партиски книшки и вработувања по пријатели, пука на максимум сме!
За овие што стварно им е потребна финансиска помош, јас најмногу посакувам овие што се од партиве и што дома чуваат еден куп пари, да им помогнат на сите дечиња, луѓе да се излечат од било каква болест, па можи и еден министер за еден човек само да му донира, сепак живот е во прашање. Има многу хумани луѓе, до небо е човек да ги почитува, оној што помага, него господ повеќе ќе му помогни.
Еве да ви кажам едно нешто што стварно се случило и господ за тоа гледа: една женичка во Прилеп одела во црква и таму нешто работела и од тоа таа си го вадела што се вели за денеска лепчето, ама арно попот ја избркал и на нејзиното место ја поставил неговата ќерка. И сега доаѓаме до главното прашање, зошто, како можел, ама таа женичка од тука си го вадела лепчето, зошто ќерка му не е до толку способна да си најди работа, здрава и права??? И затоа сега, повеќе да не одовлекувам, сега неговата ќерка иако е мажена веќе повеќе време - нема деца и синот на попот се уште не е женет. Господ гледа, ако некого вработите, оставете го тој човек од тоа си го вади лебот, бидете размуни, затоа што господ може повеќе да ви даде, нема ништо да ви земе, тој знае ќе ве награди посебно и секогаш барајте го господ затоа што тој ви го покажува правилниот пат.
 
Драгано. Имаш ли тема за Еуровизион? Ја гласам за Mata Hari.
П.С. Драгано, гласам и за оваа големта од Малта.
 
Последно уредено:
„Вие не го знаете, он не е ваков, има многу добра душа“...е изјава дадена од неколку жени пред да се повлечат од барање на развод. Тепани жени. Млатени. Столчени, физички и на секој друг начин. Од пијаници, искомплексирани мажиња, мажиња понижувани од друштво, на работа, шо имале лош ден, не фатиле во кладилница. „Има добра душа“ е последната фаза пред да решат да останат во брак и да ги осудат децата на пропаст заради нивниот стокхолмски синдром.

Ја тука да прашам, оти куртоазија на друго место не дозволува, каква е таа „добра душа“? Кои елементи ја формираат таа добра душа? Како се манифестира добрата душа и како се детектира? Како се мери коефициентот на имање добра душа? Може ли емпириски, некој трет фактор, објективно да ја елаборира и да заклучи дека натежнува над помодрено, скоро затворено око? Како имањето добра душа е аргумент наспроти исказ дека кога идел пијан, се гаселе ламби дома и фиктивно легнувале да спијат? Дали во тие моменти, кои не биле моменти, туку скоро секојдневие, добрата душа не се манифестирала со ист интензитет и како, по останување во брак, да се помогне во одржувањето на добрата душа на едно прифатливо ниво?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom