Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Кајганке :pipi:

Во секоја нормална држава прва и основна работа е инфраструктурата.
Одиш во странство, се возиш со кола, колава спие, мува да ти влезит ќе ја слушниш. Ти си возиш и некако веднаш ти станува досадно, монотоно, еднолично.
Лево, десно од коловоз, покосено, средено, прегледност од сите страни, нема ѓубре, сигурен си дека нема да ти скокне некој полицаец од нигде никаде со тоа лопатчето, секаде правилно поставена патна сигнализација, соодветно напишана, никој не ти се престројува во лента кај ќе му текне, сите знаат што е жмигавец и свирка, кога и како се користи и сл. А бе досада жива, да не може човек да се испцуе на раат, онака сочно се по список.

Како е кај нас?
Кај нас си е милина, да му е мерак на човек да вози.
Дупки на секој чекор, шахти над коловоз колку ми ти душа сака, мора очите 16 да ги отвориш ако не сакаш колата на ремот да ја носиш. Автоматски не може да ти биде досадно, затоа што мора да се фокусираш на патот. Секој ден рели, ако имаш некој камен во бубрег гарант ќе ги исфрлиш на толку тресење и чукање:icon_mrgr:
Немаш појма кај ќе му текне некому да претрча преку улица, има пешачки премин на 10 метри од него, ама не, кој ќе оди 10 метри подолу или погоре на пешачки, кога може само така да претрча кај му текнало. Ова е како терапија за фокусирање, си го држиме мозокот активен.
Ако му текне на некој полицаец да те застане, спремен да ти напише заслужена казна, по брза постапка ќе си направиме 3 реда муабет:
- „А бе го знаш Климе од Лешани“?
- „Не, не го знам, кој е тој бе“?
- „ А бе Климе, братучед му на Трајко шо ви е главен В полиција кај вас. Сега ќе му се јавам, па да се чуете“.
Ова му доаѓа како социјализација и нормална комуникација меѓу Министерство за внатрешни работи и граѓаните.
Или си возиш, па возилата од спротивната лента ќе ти блиндираат со светлата, што преведено значи „намали, има полиција“, па фино лепо како господин човек ќе си намалиш брзина.
И еден куп вакви примери.

Ние сме примерок за во учебник. Да не постоевме ќе требаше да не измислат.
 
Драга

Спаѓам во група на оние кои ги мрзи да гледаат дали некој им пишал, дали им одговорил на нешто, во последно време дури и на социјалните мрежи слабо влегувам. И сега сум во две-три групи каде се пишува често и имам таму еден познаник пред неколку дена бев во чудо затоа што оставиле 1000 пораки и вика не е тоа ништо знае да има 3000 пораки, еве брат ми знае да одговори на неколку. Се мислам секоја чест како има нерви да прочита и одговори на неколку од тие пораки, јас не сум во состојба ни оние книшки за деца од прво одделение да читам, а не толку многу пораки.
 
За 10 дена полагам микробиологија, предмет према кој имав најголема антипатија уште во средно, зашто мразам учење на памет, а ова е баш таков предмет, скоро сите податоци мораш на памет да ги научиш. Добрата работа е што се полага онлајн, со 2 теста, општ и специјален дел. Е сеа у меѓувреме ми текна нешто, викам со некој да поделам и да не морам да учам цела книга, и најдов една колешка, ја убедував и се договоривме јас првиот дел, а она вториот да го учи, и ќе си размениме одговорите кога ќе полагаме.

И така денес седнав да читам микро, не бе брате, не иде, кога нешто не сакаш џабе ти се све, и повторно ми светна уште едно соломонско решение, и се јавувам на сестра ми и ја убедувам да го учи она првиот дел, а демек јас вториот ќе сум го учел. Прифати,на моја општа радост, па денес ќе можам на раат да гејмам, а од утре други испити да спремам. Теле се учи, вол не се учи, ама се фатив за орото, па ќе го истераме.

Некогаш се восхитувам на самиот себеси си и ретките искри на инвентивност во оваа глава што ја носам :)
002f1e590a8cb3c09a425c41f07e488a.jpg


Sent from my SM-A505F using Tapatalk
 
Драга се сеќаваш дека мишко можи да вози 2 километри со врзани очи



Е денеска научив дека се кладеле двајца руски пилоти за истото на патички авион при слетување во 1986 година. Резултатот не е за смеење, ама доказ дека човечката глупост е без граници.

 
Кајг,
од сега ти кажувам спреми се за снег, извади тоа ратраците, капа, шал, ќе корне од студ, да не настинеш, па после ајде антитела, ПЦР, антигени тестирања, а тоа дали „Македонија Пат“ за цела МКД ќе е спремна како пушка ќе видиме следниве денови!
 
Ми се интересни тие луѓе што ги мрзи или 20 секунди им се премногу да враќат на порака во ситуација кога им е добро. Дали тоа подразбира дека се на одмор, за викенд некаде, слават нешто, се во добро друштво или расположение, не е битно значи добро им е. Добро бе у п.м за какво другарство ми збориш што на денешно време каде сите ние трошиме најмалку 2 часа на интернет дневно каде и да сме или во било каква ситуација да сме, а тебе те мрзи или не можеш да одвоиш 20 секунди да вратиш на честитка или порака само затоа што ете добро ти е значи немаш потреба за мене, а јас како наивен будала се грижам да не ти се случило нешто :tapp:.
 
Последно уредено:
ДК,

Многу ми се допаѓаат оние луѓе кои се дружат со книгата. Не знам кој искрено мене ми ја всади таа љубов. Најголемиот кривец можеби е дедо ми. Се сеќавам како дете дека сијалицата му гореше до раните утрински часови, пишуваше новинарски текстови со брдо книги до него.

Мислам дека е време да го вратиме "Читателскиот предизвик". Има многу срамежливи членови кои читаат книги, а не коментираат, критикуваат и предлагаат книги на подфорумот Литература. Нема смисла да ги тагирам.

Читам скоро сѐ, сем оние љубовни романчиња наменети за теткици. Вообичаено бирам тематика која ми одговара на моменталното расположение. Пример сега би зел да читам нешто мрачно и депресивно, макар било и поезија (книгите за самоспас не доаѓаат во предвид исто). Имам неколку и за самоспас, ама ќе почекаат некој месец. Не дека ќе ме спасат, ни Бог не ме спасува.

За книгата велам дека е мојата првата голема љубов. Дури имав напишано и песна за книгата, како клинец, тажно нели? Уште потажна е сама песна затоа што беше срање. Немаше ритам и имаше глупава рима, чисто колку да ја има. А за моментите на уживање кои ги поминувам во читање нема да пишувам. Обично не пишувам за моите емоции, па ќе го запазам тој ред и сега. Тие се слепа улица, а можеби ќе го удрат некого и на психа.

И да, ми фали снегот. Снегот ми оди со книгата, претпоставувам затоа што овој период, секоја година, имам нешто повеќе слободно време ради празниците. Затоа може ќе си пуштам снег на телевизорот, ќе си направам чај и ќе свртам некоја страна. :noze:
 
Koga ke umram
pepelta posipete ja po ulicite na mojot grad
ta po nea da se naslikaat stapkite nedoodeni,
solzite isplakani da se pokrijat
zosto te sakav gradu,
kako teska vozdiska vo nokta
kako zelba da se saka se -
kako nesto sto e poveke od zivotot...
 
Кајги,

1м одмарав, телефон кревав само на карго и матичниот гинеколог. Бебиња уживаат во утакмицата во стомак, кој е ко нив, е сеа ја трпам добри удари и според докторот овие се тенисери, по ударите кај што ги осеќам тоа се рацете. Али девојкиве се главни, бато сирот мирен е и еве трет преглед како им врти грб и овие две го млатараат со нозе. Многу ми се интересни ехо прегледиве, по 40мин ме гледа докторов и ги коментираме ко на утакмица :love: Опасно сум заљубена и толку уживам во бременоста, што мислам дека ќе терам уште една бременост (Само да не се погоди уште една близначка, живти мене) Бејби бум опасен ме дрма.

Денов прекрасен, чекаме снегче асално да намава за да одиме во Маврово и да не се симнеме до следен преглед :LOL:

Пеперутката е кај мајка уште 2 недели, после ни се враќа, ни недостига опасно ама после ќе биде фотофиниш во спремање и ќе ми биде ептен забавно со неа. Уште не може да се помири дека не се викаат како она што сака, ама мислам дека ќе омекне кога ќе се родат (Мислам како да крстам бебе Керолајн, Максимилијан, Дивајн, Сафир, Дајмонд, Кристофер...)

Ми недостига работата опасно! За празнициве се симнав во подрум да свиткам подароци, останав 2ипол часа за 5 подароци, пред тоа собирав елки, борови и шишарки пола ден, уживав! Одвреме навреме ќе се јави некој клиент бара нешто, ќе свиткам нешто, ќе направам некој аранжман, некој букет, па се залажувам. Засега спремам некои интересни работи за избацување додека седам дома со бебулиња, да не ни е досадно и се мислам кога ќе се породам Онлајн да поработам, ама ќе видиме. Имам ветер у леџа, имам се што ми треба.

Кајги, отидов да шетам куче во шумава, големиов не можам веќе да го носам, само џивџи ќе го носам. Убав ден!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom