Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
ДК во исчекување на снегот сакам да изјавам една мудра мисла, од не толку мудриот мозок.
Снегот е како пијанство. Убаво ти е, среќен си додека пиеш и си пијан но другиот ден ги јадеш последиците.
Епа исто е со снегот. Се радуваш дури паѓа, среќен си кога ќе нареди, ама затоа другиот ден калта што ќе ја направи кога се топи, е еквивалент на повраќањето во пијанството. А ако замрзне пак да не правам муабет. Обидот наречен "одење" по тротоар е исто како хенговер во Недела сабајле, после мешање на сите можни врсти алкохол прошлата вечер.
 
Рака на срце Петре убаво се справи пред 2-3 дена со снегот, што е право право е.
Е сеа, па не иде бе пак машинерии да вади човеко, џабе нафта и сол ли да арчи?
 
Ја како дете много га сакаше снег, а с'к га мрзу много. Зашто? Затој што никој у фамилију не сака да га исчисти, па све ја га чисту. Можда само мојат мачор повише га мрзи снег од мене. Затој што по овј снег треба да иде да гу тражи партнерку за парење. :P
 
Новото нормално

Имаме аматерски играчи во ракометната репрезентација и не' очекува темна иднина
Додека во фудбал имаме надежни дечки што играат во квалитетни лиги и за неколку месеци ќе играме на ЕП

Све е наопаку :toe:
 
Драга ко ќе ми речат немој многу лук да клаваш во салатата/јадењето, јас му велам само едно бе ќе клам.

a63h9dynlbb61.jpg
 
Dear,

ја сакам зимата само поради тоа што обожавам да гледам како балансираат русинкиве додека одат по лед во минич и дванаеска штикли.
Priceless

20210115_110748.jpg
 
Овој да се чудиш какви људи има. Легнаја на ѕвонче још у 8 саат, излазам ја отварам да виду која будала е. И ни добро утро ни среќни празници ни извини што сметам, одма директно с'с прашање: Туј ли е татко ти треба да ми поправи нешто дома? Викам не е туј на работу е, а и не може да дојде не е добар с'с здравје баш. Ми вика : Ееее с'к како не е добар, да му кажеш да дојде не можу да чекам. А и нема да оре, за пет минути е работа. Сакаше да ву кажу, ако е за 5 минуте што не си гу завршиш сама. Научиле се само к'д има некој проблем т'к те тражив. А онакој не постоиш за њима. Него после си викам како не гу закључи портуту синоќа, па да не гу еду овуј нервозу по сабале. Ваљда немаше преко порту да се качуе, за да улегне и да заѕвони.
 
Кајги,

Ама сум спиела утрово! Нит курир сум слушнала, нит будилник, нит аларм, нит на супруг и кршењето шољи на плочки... Трупец! Ама ме разбуди удар во бешика, ќе да беше синко, таму е он, освен ако не се разместиле. Се истуширав, се облеков и се симнав надоле, ме дочека мирис од кујна, ко во хипноза ме влечеше. Крок мисје за доручек, знаев дека забрљал нешто, извинување за скршената омилена шоља. Крок мисје е специјалитетот негов, никој поубаво не го прави од него. Сега пијуцкам кафе додека го чекам да се прибере од вежбање, па продолжува походот од вчера, сега ќе бараме седишта за бебуши за новото ауто и да им купиме нешто облека, а богами и јас да се подновам зошто ништо живо не ме собира. На последниот преглед до мене жената што седеше во чекална беше со стомак колку мојот а 8ми месец, кај ми е крајот. Еве 3 дена се шетам по дома во неговите пиџами и поткусена маичка, не може да ме гледа веќе со гол стомак :pos: Добра тактика!

Денов ќе биде забавен, ручек со бившата жена и нејзиниот сегашен сопруг, а кафе со бившиот маж и неговата сегашна девојка, Телевиса Презента не ни е рамна :ROFLMAO: Да се дешава нешто де. А вечер торбиците спакувани и во другата дома, на планина, имаме пневмонија за лечење и труднички желби :D

Убав ден, прекрасен ден, одам да прошетам куче јер ќе не нема пола ден дома.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom