Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга,

Одамна не сум ти пишал, еве ме сега бидејќи сакам да споделам едно видео со тебе кое се надевам ќе те допре барем малку:


Знаеш, ова е едно од оние видеа кои секојдневно ги среќаваме а ги скроламе нагоре кога ќе ни излезат било каде. Голем дел и тука ќе го скролнат али тие што нема, како што пишав погоре, се надевам ќе ги допре барем малку. Не ме интересира кои се мотивите на креаторот, дали навистина сака да помогне, дали за слава, пари, или дали за нешто сосем четврто. Поентата не е тоа, поентата е нешто друго. Поентата е во добрината на бездомниот ветеран, во неговите зборови и неговите акти.

Толку од мене засега. Пораката ми е: бидете како креаторот на видеото кога можете, а уште повеќе бидете како бездомникот - секогаш! Доброто со добро ќе ви се врати.

Поздрав.
 
Драга кајгана, ми текнува на времето кога излезе отровот на едно детство, така наречен "сок од приватниот". Тоа беше некое ѓубре од обоена вода со супстанци што ни нацистите не би ги ставиле на Евреите, и требаше да биди некој тип на кока кола, ама од али експрес. Толку беше хит кај старциве што единствени потрошувачи беа тие. Сок за гости од црниот + цена 15 денари литро и пол = win win ситуација. А доттогаш важеше едно правило стално да се има залиха од два сока за гости,па домашната кока кола не ја пиеш ама на гости си надокнадуваш нели пошто и некој друг твојата ја пие. Е кога го воведоа тој приватниот и почна секоја куќа да го има ко за гости,а едно пусто незгодно да прашаш, "приватен или кока кола имате", па само климнуваш со главата и се молиш ко спортска да пројди, кока кола да имаат или евентуално некој друг само не од "приватниот"кој ќе мораш сосила да го проголташ.
 
Малку сум чудна на карактер но учена од претходните искуства не дозволувам никој да ми лепи етикети и да ме навредува посебно не пак ликови кои не ме познаваат поради искажано сопствено мислење од моја страна.
И да молчиш и да бидеш искрен и да го искористиш правото да кажеш свое мислење, никако нема да погодиш.
 
Драга, си дадов отказ. Ми требаше подолго од што треба можеби, но кога си ветам нешто секогаш сум доследен.
Морав да се ставам на крстопат, и да си дадам шанса на себе си, па што биде нека биде.
 
Sise i lova,veca formula(gomila) snova,euri i tange dileri i banke.....
 

Едно е кога читаш сува статистика за некои вакви огромни метрополи, а друго е вака кога ќе видиш како изгледа тоа во реалноста, посебно снимено навечер од птичја перспектива. Уште подобро ќе беше да имаше музика од Deepchord, албумите му се измислени за неонски урбани џунгли.
 
Абе еднаш не ми се погоди дечко забеган по спортот.
Да сака да спортува исто толку колку што сака да гледа.
Взаемно да се мотивираме да спортуваме.
Еднаш ми се нема погодено таков дечко.

Да си дојдам дома и да ечи цела куќа од телевизорот пуштен и фудбал се гледа.
Никогаш не би го изгасила.

Јас одамна не гледам фудбал, кошарка пратев до пред една година ама ја посраа скроз нба и не гледам веќе.
Можеби треба да гледам европска ама пак немам телевизор во собава и некако поарно ми е.

Ама ми фали таков маж во животов, седнати си пијате пиво и гледате фудбал.
И се дерите на телевизорот.

Нешто за што да се радуваш.
Спортот не за џабе е една од најубавите работи што ни се случиле на битија како нас.

Е тоа Кајги..
Извини на убац вака, видов колку се радуваат луѓево за Тотенхем и ми зажали душава.
Можеби и осаменоста си го орави своето.
Фудбал е за да се гледа во друштво, не сам.
 
Секој од нас има одредена патека. Често избираме погрешно, неретко и вистински, но сите избори кои сме ги направиле порано или подоцна ќе не одведат некаде.
Не обвинувајте ја патеката или вашите нозе ако целта до која ве доведе не е таа посакуваната. Сите краеви значат нов почеток.

...
Посветено тебе, иако те нема тука веќе. Можеби ќе се сретнеме повторно, некогаш, некаде по белиот свет.
 
Како некаков посебен феномен што го приметувам во последно време е навиката на некои луѓе одеднаш да станат сериозни (или да изгледаат посериозно за околината) само поради тоа што дошле до некоја возраст или им се случила некоја измена во животот.

Пример, до вчера со некој си гледал фудбал, си коментирал, си се зезал за твојата или неговата екипа. Сега кога ќе сакаш да почнеш таков муабет ќе почне „Абе немам време да гледам фудбал, имам попаметни работи“, „Еј брат, па уште ли ти е тоа интересно“... Згора на тоа ќе те гледа како незрело детиште пошто те интересира спорт и коментираш за тоа, а не за дневна политика или за ламелата на колата.

Исто кај женските сум приметил... Знам девојки со кои сме се дружеле, сме се глупирале, биле кул и опуштени. И ја гледаш се мажи или вери и на 25 години почнува да става фотки од тоа што зготвила за ручек и Инстаграмот полека и станува како реклама за емисија на Алачки.
 
Бабава падна и си го скрши колкот.
Ја направија операција и чинам сето тоа мина во ред.
Но и падна некако карактерот и волјата за живот, па така братучедов при посета во болница реши да ја инспирира малку и и вели:
-Вчера на сон ми дојде дедо ми. Кажа дека те нејчел горе.
-Шо кажа?-прашува бабава.
-Дека те нејчел горе. Крвта 60 години си му ја пијала, нејчел пак да му ја пијаш горе. Шо значи че живејш!
-Пф, многу разбира тој, умрен чоек...
И така.
 
Последно уредено:
Now it's half past two
Long gone the rendezvous
Now it's half past three
Time made a foul out of me
Now it's half past four
Oh baby can't you see
No use in waiting no more
It's a timing tragedy


Душава изгорена ми е од јад, јад кој самиот си наметнав, мислејќи дека имам доволно време, чекајќи го пустиот тој „перфектен“ момент ме донесе до ова дереџе.
Времето будала направи од мене, премногу чекав, премногу мислев и сега се каам, мака ми е и за неа верувам дека и на неа и е тешко.
Во сево ова што ми се случи, гледам и позитивно, една вредна лекција си научив и како времето ме заеба така и ќе ми помогне и јадовите ќе си отидат со тек на време.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom