Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Многу чадам тутун во последно време, и што е најиронично сеуште живеам во denial дека сум пушач скоро 7 години од првата запалена цигара во средно. Се тешам оти сум рекреативен пушач, онака палам по некоја со кафе, а денес за помалку од 5 часа стуткав цела кутија и никотинот го полив со едно кило топло макијато. Корнам на чад од цигари на километар. Она летнине тераси во кафичине сите ги оградиле со пвц дограма за да не дува промаја во зиме, као демек топло да ни биде на нас што се трујаме, да не фатиме некоја настинка на ладново, а тоа внатре прст пред око не се гледа, магли, гасна комора...која иронија човече.
Овој законот што е за забрана за пушење во затворени простории е еден од ретките, ако не и најдобар закон што го донесе предходната власт. Внатре, кога ќе влезам во непушачкава зона имам чувство како да се наоѓам на швајцарските алпи :D. Ние што пушиме треба да носиме ленти на рака, ко еврејте во времето на Хитлер, да бидеме бележани па секој да плука по нас, па белким тогаш ќе ни дојде умот.
Па уште некој ми фура либерализам, пушачите имале право на избор, дикриминација ова она. Јас ако сум направил погрешен избор, повикувајќи се токму на тоа право на избор, ондак јас немам никакво право да го нарушувам изборот на непушачите кои го искористиле правото да водат здрав живот, ако веќе се водиме по правото на еднаквост.
И уште нешто. Келнерите кои работат во ваква hazardous environment треба да бидат субвенционирани со гас маски или нешто слично :D
 
Честитки до Роџер, најдобар е, тоа е тоа. Кратко бев у дилема дали Рафа е подобар или не де, ама Роџер уште еднаш покажа зошто е број 1, не дека не ми е криво, ама заслужено е. Рафа е мојот омилен тенисер, тоа нема никогаш да се смени, нека има и 10 слема помалце, ама Рафа е првиот што покажа дека Роџер не е единствениот што игра тенис (затоа и после Агаси почнав да навивам за Рафа). Како што Интер имаат повеќе од десет титули помалце од Јуве, како што Баџо носеше 10ка (веќе дресот нема улога денес, само цифрата во банка), како што јас имам повеќе од 10 кила него што треба, како што воздухов има 10(0) пати повеќе штетност од што треба да има... Како што Рафа има 10 Роланд Гарос титули, како што многу често имам 10 пива испиено повеќе отколку што треба... како што пред 10 години бев на Металика (ама планирам во наредниве неколку пак да идам де) како што многу луѓе мислат дека со 10 години имаат повеќе од нешто, од некого од некако... Како што 10 пати до сега повеќето од нас сме отишле у курац, како што 2010ta Мојот Интер беше најдобриот клуб на планетава, бар еднаш у моето сеќавање (доволно), како што многу 10ки посакувани нема да ги бидне, како што де... Кец и нула ми е постов, ама не сум нерд.....
 
Ме фаќа страв кучево да не има слушано некоја емисија за веганство :)
Упм прво куче што сме го имале откако сум роден, а да не јаде сланина, да не сака мрсно, не сака живо месо, па згора на се и кучешка храна. Сабајлево од свинско извадов малку сланинче и мрежичка, му ја давам да ја касне, ја лапна во уста, го истрча цел двор и на крај ја плукна, еве 5 саати како стои каде што ја остави и не ја пипнал повторно, ваљда ќе стои додека не помине некоја мачка да ја собере :D на загарот што го имав претходно да му дадев цела свиња во пола саат немаше да има ни залак :)
 
Драга,
Вчера после месец дена конечно излегов со двајцата најдобри другари. Испивме многу алкохол, пробав цигара и скоро умрев, сим ставил стори на инста и сум пишал фора на Стек :pos:, не сакајки му удрив бокс на другарот и буквално го нокаутирав, може и уште нешто сум направил ама не се сеќавам. Не сум горд на тоа што сум се начукал, млад сум, подобро сега отколку кога ќе основам семејство. Одамна не сум се смеел толку, камо среќа секој ден да е таков.
Сега сум на работа, пет саати одработив, уште пет остануваат.
Поззиќ
 
Може и стварно треба да исчезнеме како народ кога 50% од македонското населението мисли дека егејците се Грци.Никогаш не ми било јасно зошто има толку голема омраза кон егејците.Исто е и со македонците муслимани.Само глуп фиромец може македонец муслиман да го нарекува шќиптар а шќиптарите да ги вика Албанци.Ни треба национално превоспитување и тоа многу скоро во спротивно...
 
Драга Кајгана,
Чај од маточина:love: Каде бев сите овие години наназад за да го откријам.

Успат овие што викаат за многу работи ,,Иу, јас тоа не..." се најголемите неизживеани и ограничени луѓе. Не можам да си поверувам дека во ова време има уште луѓе што се срамат да кажат дека јадат лук и кромид:tapp:
 
Најголемиот прокастинатор на светов, aka me, седна да ја пишува дипломската дами и господа....Две кока коли, нес во големи количини, 500грамска чоколада, затворање цел викенд дома, зошто...? За пак цел текст да го искуцам во недела вечер, до кога е и последниот рок. Цел ден го преседав на столов и искуцав 5 страни. :place: Али затоа куцање под притисок, нинџа сум тогаш :нинџ:
Ме потсеќа случкава, пред многу години стига мејл за некој есеј, награда беше патување во Њу Јорк, нешо ау бау. Стига во септември мејлот, рок до 30ти ноември. Нормално, си чекам до 30ти сабајлето и почнувам да куцам...Куцам цел ден, напишав есеј што мислам не до Њу Јорк, можеше да ме однесе комотно до месечината. Многу бев горда. Рокот беше до 12 вечер, јас во 11 и пол го завршив. Пресреќна, веќе во глава го планирам патувањето. Одам на страната за поднесување на есејот, кликам Submit, нејќе. Како бе нејќе, има уште пола саат. Кликам уште еднаш, два пати, ми дава грешка дека конкурсот е затворен. Како бе затворен, уште 25 минути имам алооооуу. At the time being, бев во Орегон, чија временска зона е -3 со источната обала. Well guess what, рокот бил до 12 EST. Што значи сум го промашила за 2 и пол часа :place::place:
Уште се тешам дека временската разлика беше крива, а не јас. Животиште.....
 
Драга, ја видов бившата на другар денес низ град. Шо си, како си, дрн дрн. Многу ми се допадна делот што никоја не излажа со 'епа ај да се видиме деновиве'. Ниедна не ја непочитува толку другата за да си го трошат безврска времето.

Само понекогаш, убав е животот.
 
Не е животов за сите бе Кајгано..не е :/
 
1. Искачаш на најсељачкото место што постои во град
2. Анализираш што го прави местото ужасно и селско
3. Правиш место во кое погоре спомнатите карактеристики се уште повеќе изразени
4. Внесуваш некој нов селски момент во цела дешавка, да пршти од сељачизам
5. Профит
 
Драга Кајгана,

одбројувањето започна. Само уште неколку дена до мега спектаклот! Македонија на чекор до историски момент. Македонија да чекор до преслушување на "Извор", новиот албум на мега Каролина. По распродадените четири концерти, нови три во МОБ.


:roker::roker::roker::roker::roker::roker::roker::roker::roker:
:oeoeoe:
 
Срце мое одамна ти немам пишано, годину дна можда, можда и више а можда и мање.
Еј, сеќаш ли се на наши депресивни студентски днови, потонати у депресију од што немаш што да правиш сас себе и живот. Тотално дезориентиран, изгубен и без никакви амбицие и планови. Време кд си гејмасмо по цел дн и дркасмо. Хех, супер ни беше. Или не?
Сакам да ти кажу дека, еве годину+ отпосле, живот ми е сменет за 360 степена. Еј срце мое, да знаеш што ти прави работа, обврске и одговорност. Бидна и цела година констатно запослен, константно у фрку и борбу за време и себе. Не дека се жалу, много ми е убаво, поодговоран сам, знам што сакам и ретко да имам денар у мене да ни е планиран и замислен за нешто. Полк, полк работе што како помал сам ги сакаја, сга на свој грб си ги доживују. Собу и станче си га среди тип-топ, купи си ѕвер компјутер иако немам време да гејмам. Купи си авто што од мал си га сакаше. Не е лошо.
Знаеш ли што ми фали? Девојка. Сериозан сам, знаеш ме ти мене, сингле то мингле или како и да беше ама више се осеќам старо хе хе, сакам нешто озбиљно, сакам си некога покрај свак дн да си поправу муабет, да ме дочека, начека и да се карамо и молимо за банални работе. Осеќам се дека сам спреман за девојку, нешто што не сам се осеќаја 4-5 године и бегаше како ѓавол од тамјан. Сга си викам ееех, глупердо една какви шансе си пропушти за озбиљно, сг кд сакаш нема. Ама тој ме фаќа само оној пред спање, док сам будан и активан сам прилично позитиван дека што е мое ќе си дојде.:icon_mrgr::icon_mrgr:
Од други вести од свет, нема ништо посебно, имам још 5 испита да га завршу факултет и чекам сесију да гу темпирам сас одмор некои 20на дна и да ги спрему убаво и тој да откачу и да ураму на ѕид па да смо живи и здрави.
Много те сакам <3
 
Ние сме толку заглибени во набљудувања на стварноста преку стереотипи што кога ќе видиме нешто што отскокнува од зададените норми не го доживуваме. Навивач што не е глупав, панкер што не е насилник, металец што не е џанкер или алкохоличар, пензионер што не се лакта во автобус, силниот месар што не ја малтретира девојка си/жена си, жената што вози добро, мажот што вози лошо, бубалица кој не е смотан и така натаму, и така натаму се категории што тука не се забележуваат затоа што нашите очи не ги гледаат. Ние сме навикнати да зборуваме само во строго изградени категоризации. И преку идентификација со тие стереотипи ние си ги оправдуваме сите гадости кои ги правиме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom