- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.579
- Поени од реакции
- 10.608
Многу чадам тутун во последно време, и што е најиронично сеуште живеам во denial дека сум пушач скоро 7 години од првата запалена цигара во средно. Се тешам оти сум рекреативен пушач, онака палам по некоја со кафе, а денес за помалку од 5 часа стуткав цела кутија и никотинот го полив со едно кило топло макијато. Корнам на чад од цигари на километар. Она летнине тераси во кафичине сите ги оградиле со пвц дограма за да не дува промаја во зиме, као демек топло да ни биде на нас што се трујаме, да не фатиме некоја настинка на ладново, а тоа внатре прст пред око не се гледа, магли, гасна комора...која иронија човече.
Овој законот што е за забрана за пушење во затворени простории е еден од ретките, ако не и најдобар закон што го донесе предходната власт. Внатре, кога ќе влезам во непушачкава зона имам чувство како да се наоѓам на швајцарските алпи
. Ние што пушиме треба да носиме ленти на рака, ко еврејте во времето на Хитлер, да бидеме бележани па секој да плука по нас, па белким тогаш ќе ни дојде умот.
Па уште некој ми фура либерализам, пушачите имале право на избор, дикриминација ова она. Јас ако сум направил погрешен избор, повикувајќи се токму на тоа право на избор, ондак јас немам никакво право да го нарушувам изборот на непушачите кои го искористиле правото да водат здрав живот, ако веќе се водиме по правото на еднаквост.
И уште нешто. Келнерите кои работат во ваква hazardous environment треба да бидат субвенционирани со гас маски или нешто слично