Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Иритантно е како млади луѓе немаат никаква визија за просперитет и општо унапредување на закжлавениот интелект.

И навредата ја сметаат за аргумент.
Тотално индеферентни на светот околу нив, умешно ја бојкотираат секоја шанса да да се надоградат карактерно.
 
Поголеми лешинари од администрација и келнери немат.

Летово работев како келнер и полоши колеги во живот сум немал.

Подмукли копилиња.
 
Драга Кајгана,
Моментот кога некому ќе кажеш НЕ без да заобиколуваш за да не те замрази е моментот на благосостојба.

Успат и јас го достигнав тој стадиум кога плескавицата и ќебапите во кафана ги заменив со салата:kruna:
 
САД пратија човек на Месечината и ги уништите ќелиите на ракот кај глодарите
Русија испрати луѓе во Вселената и научиле свињи како да играат хокеј во државниот циркус

Во Македонија се уште младите мислат дека животот им зависи од политичките партии и нивните лидери...
 
Девојки шо се палат на ''Свети Валентин'' и моментот со плишани мечиња од пазар по 100 денари и медено срце од 35 денари НИШТО повеќе И НЕ заслужуват во животот од тој мочан ден.
 
Драга,
Кога си труден, некако сите одеднаш се трудни. И во Силбо и во Тритекс, и по улици.
Или мојата перцепција сега фаќа поинакви бранови и натаму ме води.

Се чував деновиве небаре од нервози и емотивни земјотреси, но оди и помири се дека Калина ја нема? Дека Калина, наша Калина нема веќе да доаѓа на Астални. Дека нема да пиеме ракија во 103ка и Тома ќе ни се смее дека сме будали. Дека нема да си пишеме онака, некогаш на фб скроз неповрзано. Дека вечно отиде да почива во својата голема љубов - планината.

Не сакам да верувам во фер и нефер. Животот и смртта се иста паричка, кому како му се сврти, така ќе замине или ќе остане. Калина беше и ќе биде жив симбол дека таквите луѓе како неа, просто не може да умрат. Тие живеат во секоја слика од природата. Секој чекор стапнат во лазарополско поле или бакнеж на дожд кога градот заспива.

Му зборувам на своето неродено дете дека овој свет е нејасен и за мене, но вреди да се види. Дека ќе мора да биде борец, да го бара светлото во секоја темнина и да знае со срцето. Можеби се трескам од земја и врска нема тоа што комуницирам така, ама верувам дека мојата волја е и негова волја. Тоа е патернот во мене и спојот на моите и емотивните заврзлами на татко му.
Денес бев до кај моите на кратко измеѓу девет обврски и во средбата со својот дом, ми навираат солзи. Мојот кревет, моите книги, купчето цедиња, Едит Пјаф нацртана со чкорче од париските долапчиња на Монмартр, перницата со Гарфилд и ресите на прекривачот... Не сум веќе дете, но во мене имам дете и уште едно дете и многу многу љубов што ме поплавува и преплакува од што така...

Хаос сум. Жива сум, и за тоа благодарна. И денес пржевме суџук за ручек и инстантно се вратив по инстанбулските улици. Гравчето го погодив 10 + и вечер ќе имаме аудитивни борби.
Животот е навистина, неверојатна, едноставна приказна.
М.
 
Аман!
Од таа потврда за неосудуваност што ја бараат и кај треба и кај не треба ми се повраќа веќе. Ко веќе да не постојат нормални луѓе во државава што решиле ете поштено да аплицираат на оглас за работа. Па сам провери си на крај краева, ебати системот. Не друго, знам дека бев врски и ортоми неам шанси, па не ми се ни матка по такви работи.
 
Кајги ,
Никогаш не сум мислела дека некого ќе сакам толку многу и покрај тоа што ме врти и му ги исполнувам сите желби, да тоа е таа прекрасна улога мајка, што те менува во целост :)
 
Македонија мултикултурна од навека CONFIRMED!

upload_2018-2-16_15-15-3.pngupload_2018-2-16_15-15-19.png

По 3 месеци ми падна на памет муабетов:pos:. Седиме на слава, а слава како слава, јадење, пиење, музика и нормално политика вмро сдс, антички вс.словени. Почнува песнава со Осман бег, привршува, на домаќинот му светнуваат очите вика слушајте сега и ја пушта песнава со Еврејката. Завршува и таа, ја прекинува музиката и вика ете ви непобитен доказ дека џабе јадат лајна вмровците за чиста Македонија, отсекогаш сме биле толерантни и мултикултурни.
 
Поканет сум на роденден вечер, и викам лошо друштво сум јас не идам, еј подсвесно тоа ми излезе и си викам гледај колку ниско мислење имам за себе, ебати нарцисот си викам фејкер невиден си...
 

tjq28huzuio9kaknwcse
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom