Коа сме више кај тоа кој што погрешно уклучил, исклучил...

Пред некое време сонував како поради мене, во цела зграда рикнале сите електрични апарати, мавало струја од сите страни, имало жртви, мене ме бркале со потерница...

Се будам од спиење и ете го татко ми:
- Шо праеше вчера?
- Шо праев вчера?
- А знаеш што не си напраила?
- Што не сум напраила бе? (уште не рассонета, овој гатанки си игра со мене)
- На тостерот вчера шо праеше?
- Печурки.
- И не ти текна да го исклучиш?
И поосле ми текна дека не сум го исклучила, цела вечер, 8-9 саати си работел пустиот.

Изгледа затоа сакал да ми се појави и на сон.
Све све, ама кога заборавив пластичен жолт послужавник на рингла, па кога почна да корне на пластика, да се тегне ко кашкавал, да растекува и на соседните рингли, ми се стемни. После чисти си шумечо, коа толку ти сече тоа паметот.
Еднаш имав и загреано рерна на 200 степени, без притоа да проверам дали претходно имало нешто внатре. Ама затоа отпосле дознав, ќесиња да ти имало...

А бе си наоѓам работа за низ дома ја, не е интересно така ништо да не ти се дешава.
Ја арна иначе, ај чао.
