Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Нејасно ми е како некои луѓе можат да се излежаваат во дневна по пижами.

Пижамите се за во кревет.
Не за по каучи, фотејли и дефинитивно не за во продавница.

њтф те мрзи да облечиш тренерки за до продавница?
 
Пиџама ти е живот брате бре .....Стануеш у 8 сабајле,доаѓаш у 5 попладне,попрво ќе легнам у пиџама отколку у фармерки .....Соблечеш чорапе,боси нозе,бела пиџама и дојде живот брате .....
any-day-that-you-can-stay-in-pajamas-all-day-10351513.png
 
Од што се навикнав да работам и оувертајм и моувертајм, еден викенд го пројдов без сантим да мрднам и имам грижа на совеста. Како што би рекла Агда, капиталистички ѓубриња, what have you done to me? :(
 
Макарони,

Нема ништо боље од пижами бе. Има денови кај што ништо не ми се прави, ниту ми се искача, ниту ми се работи нешто по дома, едноставно сакам да си лежам и да го предремам цел ден у пижами.
 
Kajче,
по три ндели работа секој ден кончно викенд и за мене. Се спремив. Возот трга за саат и се надевам околу пладне ке пијам греено винце на некој штанд од божиќниот пазар. Па ако светне и малку слуничко...мех мех мех.
 
К,
Си седам на работа и пробувам да си го исконтролирам нагонот да се вратам до дома да проверам дали сум ја исклучила ринглата пред да излезам. Не се случува првпат ова, никогаш немам заборавено ниту да исклучам некој апарат, ниту чешма, ниту да заклучам врата... ама ме јаде јанѕа и знам дека ако не отидам да проверам цел ден тоа ќе ми е во глава, нит работа ќе се види, нит бутур. Најзабавниот дел е што го памтам точниот момент кога го тргнав ѓезвето и ја ислкучив ринглата, ама ете, дојде време ни на својот мозок да не му верувам.

Почнуваат се понапорни да стануваат моиве опсесивно-компулсивни поремечења.
 
јас па двапати во една недела ставам во ѓезвето вода за чај и го заборавам на рингла, абе по пола саат ми текна, сум го одлепувал од рингла .
некој OCD некој Дементиа .
Крива ми е работата и жениве шо не даваат .
 
А мене ми се има десено да уклучам погрешна рингла, ѓезвето си кулира на едната, а на погрешната стои празно тенџере, ене го сега у ѓубре се направи ќумур.
 
Драга Кајгана,
Масажа ми треба, масажа. И да се врати Кајгана готвач тебе ти треба:coffee:

Успат не знам дали е за фалење, ама стигнав до таа фаза кога ама баш ми е гајле за туѓите маки и проблеми, си гледам само за своите. Доста бев рамо за плачење. Кој сака да се смее нека се смее и нека седи до мене, кој не сака, не му е местото до мене.
 
Коа сме више кај тоа кој што погрешно уклучил, исклучил... :icon_mrgr:
Пред некое време сонував како поради мене, во цела зграда рикнале сите електрични апарати, мавало струја од сите страни, имало жртви, мене ме бркале со потерница... :нинџ:
Се будам од спиење и ете го татко ми:
- Шо праеше вчера?
- Шо праев вчера?
- А знаеш што не си напраила?
- Што не сум напраила бе? (уште не рассонета, овој гатанки си игра со мене)
- На тостерот вчера шо праеше?
- Печурки.
- И не ти текна да го исклучиш?
И поосле ми текна дека не сум го исклучила, цела вечер, 8-9 саати си работел пустиот. :popce: Изгледа затоа сакал да ми се појави и на сон. :pos:

Све све, ама кога заборавив пластичен жолт послужавник на рингла, па кога почна да корне на пластика, да се тегне ко кашкавал, да растекува и на соседните рингли, ми се стемни. После чисти си шумечо, коа толку ти сече тоа паметот. :D

Еднаш имав и загреано рерна на 200 степени, без притоа да проверам дали претходно имало нешто внатре. Ама затоа отпосле дознав, ќесиња да ти имало... :ROFLMAO: А бе си наоѓам работа за низ дома ја, не е интересно така ништо да не ти се дешава. :D

Ја арна иначе, ај чао. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom