Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Земјата е плоча народе, даааа.
Земјата е тркалезна народе, даааа.
Земјата е глупа народе, дааа.

Еднаш, се напушив и почнав да се замарам со то зошто луѓето и други суштества како Миленко тврдат дека земјата е рамна, плоча и што уште не. И почнав да се замарам со то, да пронајдам од каде им потекнува уверувањето пред се, за идејата. И така, пробав да гледам на светот низ очите на Миленко ( ’’Очите на Миленко‘‘ наслов за книга) ама многу брзо ми се здосади, па пробав по пат на асоцијација и генијалноста на чајот и цигарите да стигнам до идејата за Земјата (со голема З оти е планета хе хе).
Планетата се состои од повеќе слоеви од кои нас денес ни е најважна литосферата која е составена од литосферни ПЛОЧИ или за нас уште познати како и тектонски (‘‘Плочите на Миленко‘‘ плачи за име на продавница за плочи (винил)) што во основа, хипотетички докажува дека Земјата е плоча.
Изгледа има недорзбирање во комуникација, свест и уште милион работи меѓу следбениците на Миленко и останатиот дел од луѓето смртници.
‘‘Дружината на Миленко‘‘ лектира за 1-4 одделение.
Можам да ти зборам и за асоцијациите за тоа зошто Земјата ја влечат слонови, ја носат желки и останати генијални митови, ама ме мрзи сега, плус сум малку потресен од смртта на Чарлс Менсон. И за него има да се збора, за то како нашол глупи луѓе и ги контролирал како сака, и го затвориле оти бил попаметен од глупите луѓе.Ти имав кажано јас еднаш, глуп чоек можи само да те заеби и заглави во ***** од глава до пети.
Миленко е сличен со Менсон, двата генијалци.
 
Драга Кајгана,
Предрасуди, предрасуди, не гледајќи се себе си во огледало. Не викам дека јас сум немал предрасуди, но пополека ги губам, затоа што кругот се врти. Ако за некој викаме дека е грозен, болен, кретен и било каков друг погрден збор, тоа се враќа. А кога ќе се врати боли тоа кога ќе се сетиме како сме биле лоши и дознаваме како било во туѓата кожа кога сме ја вреѓале. Затоа живеј за себе, со поглед насочен само кон твојот пат. Тој што гледа кон туѓите патишта и ќе ги коментира какви се, ќе се сопне на својот пат.
 
1zp0ne.jpg
 
Дк,
Вчера баба ми паднала додека излегувала од туширање и си го скрши колкот. Кога ја изнесуваа со брзата помош му рече на дедо ми да ја исклучи печката пошто мусаката уште била во неа. Одам во дневна, наместено се за јадење, салатата и ракијата на маса. Ете, во еден миг место да седнат да ручаат замина на операција.
Останав дома со дедо ми, многу ќе му беше стрес ако заминеше во болница. Зеде човек од 85 години се исплака, да не можам да го смирам. Криво му беше што сабајлето се искарале околу купувањето намирници. Ми вика за ручек ќе седневме ќе се смиревме, а сега ако си замине, кај ќе се смириме?
Вечерта пред тоа со сестра ми се каравме за облека :cautious: Последна работа што и ја кажав пред да излезам беше дека е штеточина светска пошо стално ми ги зема работите.
Цела среќа помина операцијата во ред, се смирија баба ми и дедо ми :)
Да не си земаме се здраво за готово, што ти носи мигот не ти носи животот.
 
Значи некад знам да бидам стварно дно човек.У петокот после работа седнав со еден другар на по едно пиво:cool:, и тоа едно пиво се претвори у тоа да се вратам дома после два дена. Ми звонела мајка ми ме барале од работа ама не бе кој ќе види тоа.Ко дојдов дома си легнав сум спиел 15 сата бес да се мрднам.се будам глеам мајка ми над мене ми вика будало една мислев си умрел:pos:
 
Легендата вели дека мозочната клетка на @VOLK2234 еднаш, на полна месечина, смогнала сили и успеала сама да склопи мисла без да постира скриншотови од твитови или да преведува рандом мисли од интернет.

Се заебавам бе, тоа ни во легендите не е можно.
 
Поздрав до драгите членови од темата Папагали ....Наша химна :LOL::)

Jelen trci po polju nosi papagaja
'ajde sreco zajedno da farbamo ja(ja)
ako sam se opio od rakije fine
kad sam tebe vidio posle su mi sli(ne)

 
ДК,

ова не се трпи веќе, легнувам уморен, станувам уште поуморен или пак се разбудувам сред ноќ и седам како вампир по дома. Скоро секоја ноќ некои рандом соништа, тоа што ме измачува на јаве, ме измачува три пати повеќе на сон, завчера летав за Копенхаген, еееј од цел свет каде сум гледал за емиграција баш таму за таму немав никогаш проверен, вчера пребегував за САД и тоа преку Мексичка граница на црно и се пукав со некои црнчуги што дилале дрога...абе упм, да почнам секое сабајле да ги запишувам овие за кратко ќе имам сценарио за серијал да снимам.
Дефинитивно мора да го ресетирам мозоков, оваа година не искористив ниту одмор ниту мрднав некаде, цело време турбо со работа, учење, проекти, али еве и вежбањето не помага за одмор на мозоков.
 
Учам германски ... Легендата вели дека некогаш постоел потежок јазик од овој.:tapp: Па и татко ми упорно ме убедува дека бил сличен со англискиот оти слушнал дека васер и water e исто.:pos: Кои се тие зборови бе како torschlusspanik и treppenwitz ви ебам тоа, али ај барем професорката е ...:love:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom