Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Да се надоврзам на постот на Фросе од погоре... Јас сум од тој тип на луѓе што сака се да си биде по пропис, односно педантно и исполнето на време. Ако пишува дека во тој и тој рок треба да платиш сметка тогаш плати ја, а не да чекаш ден после рокот и да замараш демек не си можел, па ти се ускратени правата бла бла бла.

Е сеа шо ми беше зборот, ова за јапонциве, искрено не го почитувам ни тоа нивното. И тоа ова со отказиве е пичкин дим, често пати низ весниците има дека машиновозачот задоцнил 30 секунди и се самоубил. Јас не сум за таков тип на живот, сепак сме луѓе, живи суштества и треба да има простор за отстапки и грешки. Мислам кој кур си задоцнил пола минута и ајде ќе се самоубиваме... Јапонија е земја со најголем процент на самоубиства, не е дека баш цветаат ружи таму и дека треба ние да се угледуваме на нивната “точност и педантност“.

Башка Кеи Нишикори е од Јапонија и 1000 пати ме има заебано на спортска, му ебам тоа жмиглето смрдливо.

П.с. Само мене ми се чини дека Сантино си ги измислува приказниве што ги раскажува у ДК? :kajgana:
 
Последно уредено:
ДК

Порано или подоцна сите ќе прогледаме и сите работи ќе излезат на површина, ама ситуацијава е - 'Повели слепец очи' , ' Не остај добро мие'. Ебате слепецот ебате, заслужвам слеп да шетам по улици и да питам...

Ајт ојдов
 
Остајте дали човекот си ја измислувал или не приказната, овој пост му заслужува почит поради песната :) Lady D'arbanvil ја имав снимано како дете на една стара касета од радио и имав уникатна верзија, ми завлекуваше малку на делот my lady d'arbanvil why does it grieve me so, али јбг не растевме во време на интернет како сега, како ќе ја фатиш на радио така, некогаш со реклама, некогаш без реклама, некогаш ќе те ебава касетата ако е бришена повеќе пати или нешто валкана, маки :D Еееј ме потсети, ќе ја барам касетата на таван да видам дали работи сеуште :)
 
Последно уредено:
Драга Кајгана,
Зар мора секој пат да згрешам, да се изгорам, за да научам нешто во животот? Зар мора секој пат грешењето толку да боли? Но ако ништо друго, се се случува со некаква причина за наше добро, затоа и сум му благодарен на Господ.

И уште нешто да ти кажам. Јас сфаќам дека секој сака да биде некој авторитет, да успее во животот, во кариерата, да излезе од сиромаштијата............, но зар треба на 25 години по наоѓање на работа со месечна плата од 30.000 денари да станеш арогантно, недостижно и ,,авторитетно" суштество?
 
Вика ми треба внимание и лубов, добива тоа .... ехххххх заеби, папучар е
 
Легендата вели дека некој и некогаш ќе успее да направи полоши пуканки од Милениум.
 
Д...само да си знајш,дека Габер го доби името по Габерот-партизанот.
 
"Некои жени со часови се шминкаат за да изгледаат убави, а некои само ке се насмеат."

ДК
Јас би го преформулирал ова. Со часови се шминкаат за да изгледаат како кловнови :pos:
 
Стигнаа и верскиве фанатици од ЈуЕсЕј кај нас,такозвани мисионери на добра воља .....Иван Исцелител американска верзија ..... Ова се дешаваше пред Сити Мол ......Шопот на крај, оваа нешо зове Џизуз:pos: Легенда:LOL:

 
Седам на топло и пред лаптоп во позната просторија и страв, од каде страв па сега никој ни ми се заканува ниту има некоја опасност по живот. Стравот е илузија, некои викаат дека и животов е илузија...

Мајк Адамс вика дека сум 0.0001 процент од светска популација на кого му е јасно што се случува, и дека луѓето се овци не гледаат на непосредна опасност и пред нос да им е. Мое е да објаснам тоа што имам да објаснам а кој разбере разбере, да си бидам чист пред себеси и пред Господ.

А додека дојди крајот на светот мора да се одржува здраворазумноста во овај луд свет, ќе ми требала во најтешките ситуации за кои се предупредува.

Мора да се разбуди емпатското во мене, иди едно дете кај мене и му давам пари понекогаш, повеќе пати вчера ми побара 30 денари не му дадов, бев нешто нервозен и го набркав а сега се чувтсвувам лошо поради тоа. Му требаа изгледа за на училиште и сега се чувствувам лошо поради тоа. А реално тие 30 денари не се голема сума пари за мене, требаше да му дадам.


Доволни се само пет дена без храна и без струја и ќе ги видиме чудовиштата во луѓето. А јас треба да бидам силен и спремен ако дојди до тоа.


 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom