Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга,

Ти ги претставувам Аустралци на гласајне


Не е некој посебен филм, освен мала кулминација на 2:15
Ајде невести!
Аааааа ќе ни го солупи газо ова!
 
Не мора да части кафана, за мене утре само кормилото од галијата.

За во салон ми е, ќе ми се уклопи со ламперијата. :D
 
@Kostic Fjallraven добаар избор, квалитет, со зравје да си го носиш.
 
Шо да пишаме , Есма починала бог да ја прости.

Не дека и ја слушав циганската музика , али жената одгледа 50тина деца кои беа оставени без родители , сепак почит за хуманоста. :cuc:
 
На мојава улица не знаеш кој иде на гласање, кој на гробишта :icon_mrgr: Последниов месец едвај излагам од дома поради нарушено здравје, штом јас искочив, можете сите. Ајде мрднете газ, не бидете пасивни ;)
 
Две работи сакам да кажам.

Како прво да ви се плукнам на сите глупи социјални мрежи и не знам како да ги наречам веќе, снепчатови, инстаграми, фејсбуци и што ли уште не кои се користат и кога треба, а особено кога не треба. Ми се лоши кога ќе видам луѓе излезени како ставаат видеа и слики насекаде од наводно уживање, бла-бла, дрн-дрн. Знам дека можеби клише е станато да се критикуваат овие, ама не бива човек толку да си го подреди животот на тие нови технологии, а во исто време да ја заборава вистинската дружба. Јас кога седам на кафе на пример може само брз поглед на резултати да видам кладионата додека е стигната :D или да проверам нешто за што зборуваме, дали е тоа филм, утакмица или не знам што. Ама ако седам 90 минути максимум 5 минути ракувам со телефонот, додека многу почесто гледам по 90% од времето го минат луѓево. Мислам дека треба да се направи ограничување на мреживе за објавени слики/напишани твитови/напишани постови и слично каде што на одредена граница ќе вели "дечко/девојче заеби ова оди надвор воздух да те фати".

Друга работа неминовна за изборите што ни се денеска, би рекол само секој да си гласа според сопствено убедување. Не знам како да кажам, ама не вреди во овој еден живот малкуте работи кои се целосно во наши раце да ги предадеме за честопати мала материјална корист во туѓи раце.
 
Драга Кајгана,
Прочитав низ Интернетов дека утрово починала Есма Реџепова. Верувај кога ќе сум слушнел за некоја наша, па и светски позната личност дека починала, ќе сум го сфател тоа како трагедија, но без да искажувам некакви чувства, но кога слушнав за Есма верувај дека поинаку беше. Буквално ми дојде премногу жал, осетив една душевна растревоженост, па дури и за малку солзи ќе ми надојдеа.

Колку жената на стари годиини, посебно за време и по Евровизија, да ја критикуваа, сепак таа жена за мене беше и ќе остане ѕвезда. Нешто поразлично и нешто повредно на нашава музичка сцена.

Секогаш кога ќе ја слушнам песната Чаје Шукарије ќе се потсеќам на неа. Нека почива во мир:(

 
Кајги ,

Глупо си поминав вчера , едно досадно , само време си губам , ма каков ноќен живот , не е тоа за мене.
Другарот вика , абе што си скиснала , викам не ми се свиѓа ниту музиката, ниту DJ-от , нема некое машко за мување , досадно ми е.
Душа мила бе , ми вика, ај ке те носам на караоке и заминавме во друг клуб и таму сите пола пијани оти покасно отидовме, до 4 сабајле траеше караоке забавата и ништо , јас пошто не пијам алкохол досадно ми беше.

Абе се осеќам ко да сум мажена, не ми се оди по дискотеки , по журки , ич да се немало желба ц ц ц - ебати комплицираната личност што сум. Мрш таму, оди средувај по дома, пери , пеглај, експериментирај ручеци у кујната !!!!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom