Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
WP_20161209_08_37_26_Pro.jpg Како очекувате албанците, турците, ромите,...марсовците да го почитуваат уставот и законите кога партијата на власт прва ги крши. Тоа што се на власт не им дава никакво право на државен празник покрај државното знаме да го истакнуваат и партиското. И тоа не само инцидентно на еден јарбол туку низ цела населба....
 
Еднаш да скршеше нога бе , барем еднаш? Па толку хиперактивно одвратно детиште немам видено бе. Цела фамилија се гадови и нонстоп бушат тропат се дерат како ненормални , нема веза зима лето -10 или + 40 , ма не ебат никаква природна појава.
Вчера татко му 4 саати тропаше и бушеше му правеше кош и рефлектор , за да може малиот посерко да чука со топката од 20:00 до 23:00. Па земи бе како сите деца озрачи се пред компјутер или тепај со се врсници у школо , извади ја таа енергија на други работи. Не се дружи со никој , не го запишуват на никаков тренинг , буквално изолирано е од надворешниот свет и само со топката по цели денови.
За време на школо ако наоѓа 3-4 саата дневно за топка , можам да замислам шо ќе е сега за распустот 20 дена. :facepalm:
 
Прегледај го приврзокот 161290 Како очекувате албанците, турците, ромите,...марсовците да го почитуваат уставот и законите кога партијата на власт прва ги крши. Тоа што се на власт не им дава никакво право на државен празник покрај државното знаме да го истакнуваат и партиското. И тоа не само инцидентно на еден јарбол туку низ цела населба....
Млаку ви е. Ја би ви окачил Лав поголем од бандерата !
 
Драга Кајгана,
Се решив да бидам одреден период само на здрава храна (диета да не речам), си ја направив салатата за доручек и замисли си најдов останато парче пица од вчера. Зошто?:ROFLMAO:
 
Dear,

По пет дена поминати во Виена, се враќам со ентузијазам, три килограми повеќе, Линдт чоколади и ликер.
Во меѓувреме, во Скопје се отвора продавница за истите тие Линдт чоколади, луѓето се во лудило предизборно, студи и сонцето грее најсилно.

Нема, нема како дома. Виена е систематизирана, прекрасна. Луѓето живеат и уживаат верувам. Но, овде исто така треба луѓето да живеат и уживаат. Скопје е мојот дом, Македонија е наша обврска. Не сакам да исчезнеме. Сум учела јазик, дедовци и баби се бореле да го зачуваат семејното стебло и живот овде, и тукутака да се откаже човек од тоа? Не се работи ни за патриотизам, ни за шизофренија - за основната слобода да се биде човек се работи. Човек кој може да пишува сликовници за деца, да студира без да му капе од покривот. Да оди на лекар без да се тресе дали ќе го умрат или е веќе умрен.Да си го каже мислењето кога нешто не чини, ама и да каже кога нештото чини и да поттикне развој.
Да не се лажеме - отидовме у бестрага одамна, ама нештата нема сами од себеси да се решат. Светот е во нас и може да му дадеме простор за да гукне, а не да го задушуваме во зло и гадост. Ќе умрат сите оние тела желни за профит и полтронство. Свечено изјавувам дека никогаш нема да паднам во таа замка. Сакам да умрам свесна дека сум направила нешто за себе и другите.
Со Астални проекции, 25 месеци еден куп прекрасни луѓе ни даваат од својата уметност и умешност. Ги собираме како дома. Се собираме околу јазикот како огниште. Голема работа! ќе рече некој зајадливо. Но, за мене е. Тоа што го имаш вишок, давај го.
Со ретвитни оброк, по година ипол, има зрак надеж во осветувањето дека фрламе храна џабе, дека имаме гладни сограѓани кои копаат во контејнери и освен ѓубрето што го јадат, и достоинството си го голтаат. Сите тие се нечии соседи, пријатели, познаници. Сите тие се луѓе од крв и месо што умираат околу нас од глад, а храна има до претрупување! Затоа - сподели малку, за да направиш многу.

Овие два пункта за мене се надеж, желба и верба.

Промената почнува од нас, внатре. И отворените очи пред сите искасапени дрвја, затворени бизниси, измачкани улици со крв и соучесништво.
Ние сме виновни, ама може да се оправиме. Во спротивно, секој може да стане граѓанин било каде во светот и да нема дом. Да нема каде да му е топло и да плаче и пцуе на својот јазик. И со тоа да исчезнеме како диносаурусите, што би рекол Георги Господинов.
Не сакам да исчезнеме. Сакам тука да родам бебе и да го шетам во Парк.

Имав уште многу што да напишам, ама ќе се расплачам, па затоа само посакувам благодет и убав ден секому.
М.
 
Денес решив да не зјапам во моб дур се возам во бус и да гледам што се дешава низ град. И, видов човек што чепкаше по канти а на глава носеше капа од политичка партија, видов политички знамиња на балкони на куќи пред распаѓање, билборди со ветувања а под нив купишта ѓубриња, тажни фаци, луѓе со искинати чизми и стари јакни а во некоја политичка еуфорија, завземаат страни и само за тоа прават муабет, а кога се симнав, видов двајца седнати на -2 продаваа чај и билки, седат цел ден за да заработат 100 ден и водеа жолчна расправија како меѓу двајца најголеми непријатели, само затоа што биле поддржувачи на различни партии. И, видов многу девојчиња облечени во една иста зелена јакна, машки со тесни пантолончиња, баби облечени како тинејџерки, нервозни возачи, магли и сивила. И, безвезе украсен град...
 
@Ireal е на страшна норма деновиве, постира по темиве кај ќе стигне, не бира ни релевантност ни логика.
ne, nešto sum silno nastinat i ne izleguvam, pa nema što da pravam... b.t.v. najverojatno nema ni na glasanje da odam...

..a imam primeteno, nikoj ne reagira na trolanje i veđanje na nekoj useri, smeta samo iznesuvanje i argumentiranje drugo mislenje
 
@Ireal

Немај гајле, терај, да оздравиш побрзо, да не одиш у недела болен да гласаш.
 
Пред некој ден видов на фејзбук една "мераклика" што ја знам од студентските денови се омажила , Батето пишало дека е најсреќен на цел свет , веднаш помислив на неа што таа правеше на студентските забави како ги мењаше дечковците како чорапи и не дека сум некој што треба да суди или да гледа во туѓите животи , но те тера да размислуваш дека во животот не знаеш што те чека и на што може да налеташ колку среќата може да биде само привидна и потоа животот да ти удри шлаканица ,се ставаш на негово место и морници те лазат , се надевам дека ќе имаат среќен брак ,но искрено се сомневам...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom