Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Во ред е тоа, проблемот е начинот на кој што се вреѓаат сите тие луѓе кои дури и би помислиле да гласаат за нешто трето. „Имаме режим за буткање“ не е соодветна реплика. Едноставно натерај ме да гласам за тебе и да го бутнеме режимот. Така и јас можам да кренам партија и да речам дечки ајде режим бутаме, само некој ако гласал за владеачкава гарнитура *рандом навреди*. Треба да разберете (не ти, такво е обраќањето) дека има народ што носи тешки лузни и од двата главни циркус Медрано забавувачи во земјава и дури скомраз му е да заокружи една од тие бројки. Еве за мене ќе си кажам - еден член на моето семејство во времето на СДСМ остана два пати без работа. Поради глупостите на оваа партија јас бидејќи сакам да заработам нешто и за во иднина (стан, поубава кола, поубава иднина за моите деца, неважно) моментално сум со апчиња на масава и работам до ниво на онесвестување некои денови, што секако се одразува на моето здравје и ај што останувам на работа прекувремено, слушам и си губам време со неписмени по државни институции и тоа секојдневно.Знам дека е забрането цитирање ама во недостаток на соодветна тема...
Македонија го користи Донтовиот метод за распределба на мандати на партиите, кој во суштина пак не сведува на избор на две партии. До определена бројка на гласови во една изборна единица, сите гласови за помалите партии се прераспределуваат кај поголемите ( оние кои освоиле повеќе гласови ).
Тука морам да се убацам со коментар дека и мене ми е драго што се развива каква-таква политичка сцена со некој задоволителен избор, но самиот избор си носи и ризик кој не сум сигурна дека на овие избори можеме и смееме да го превземеме.