Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
8 јули 2008
Мислења
4.517
Поени од реакции
8.232
Дали ќе излезам да гласам или нема, си е лично до мене.
Влезен сум во филм, фаза е, уште не сум искочен од пубертет изглеа. Глумам прогресивец, тој level да го поминам и ќе почнам да гласам.
Извини што само сакав да се испразнам од целата предизборна еуфорија. Не очекував дека до толку ќе се отиде во крајности.
Драга, длабоко се изввинувам што ја посрав темава со мојот либерал анархистички идеал.
Им се извинувам и на сите членови кои ја посетуваат темава од неполитички причини.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.414
Поени од реакции
18.577
Како сме тргнале,коа ќе го поминеш тој левел нема ни да можеш да гласаш :icon_lol:
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Морам да се доискажам. Алтернатива на Хитлер биле мирољубиви (иако можеби малку смотани) германски политичари, а алтернатива на нашиот условно „Хитлер“ е некој десетпати полош од него, што знам, Атила Хунот кој има модерно оружје (ако направиме паралела дека тоа што за Хитлер било убивањето, денес кај нас е крадењето).

Не знам како се замислува тоа „овие крадеа пред десет години, ама ај сега ќе ги избереме како ништо да не било“. Па тоа значи дека и ВМРО, ако сега го соборите, по десет години ќе го барате (а во пракса тоа го видовме, траеше четири години), ама треба да поминат неказнето ако сакаме правда, а се разбира подобро би било ако се казнат сите. Кој сака да го казнат само ВМРО е манипулатор од најдолен вид или има 14 години.

Зошто ВМРО не ги казнил противниците? Се покриле со закони (приватизацијата). Зошто СЈО нема ништо конкретно против ВМРО? Правеле се според уставот и законите (како што често викаше Гоцич). Крупните риби никогаш не биле казнети и нема да бидат казнети, тие не се јадат меѓу себе.

Пораснете.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Не ми се верува дека некој мисли дека после овие избори некој ќе заврши во затвор.

Вчера на вестите во 19h на Сител Латас по којзнае кој пат пак го навредува Генералот Ангелов и зборува за него со големо понижување.Затоа нема да не биде никогаш како држава.Човек кој го положувал живот во 2001 и бил ранет е навредуван од гомно од новинар кој цица кур веќе 25 години и од леви и десни.И затоа нема да не биде.
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Не ми се верува дека некој мисли дека после овие избори некој ќе заврши во затвор.
Ајнштајн, Љубе не отиде во затвор после минатите избори? На пример, следниот ден?
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Друга беше ситуацијата тогаш после овие избори нема нема да може никој никого да уапси.
 
Член од
29 декември 2012
Мислења
275
Поени од реакции
480
Братле не е за на темава ваа дискусија , имаш други теми ,а може и да тркнеш до малската продавница, дискусија со пиво , нарезок со вагета со све , иначе и јас сум за да падне режимот па не трујам на темава со политика, поздрав ..
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.026
Поени од реакции
12.701
А зошто се натегате за помалото зло, како што гледам Левица растураат на дискусииве по ТВ, што им фали на дечките? Ама не сега, млади биле, вака, онака. Сите кукаме трета опција а кога ќе ја добиеме, замерки имаме.

Па и шупелкине што се прават "неопределени" а од петокот навака дрва и камења фрлаат по нив. ВМРО врбувало гласачи ама овие 10484 текста испишаа зошто да се заокружи СДСМ, бетер од самото ВМРО. Дечки чекајте, режим имаме за буткање, сплотени да сме биле, не ги сејте гласовите <3 Како што пиша еден другар на ФБ, ова имаме режим за буткање е новото "битно се гради" ама од плавата страна.
Знам дека е забрането цитирање ама во недостаток на соодветна тема...
Македонија го користи Донтовиот метод за распределба на мандати на партиите, кој во суштина пак не сведува на избор на две партии. До определена бројка на гласови во една изборна единица, сите гласови за помалите партии се прераспределуваат кај поголемите ( оние кои освоиле повеќе гласови ).
Тука морам да се убацам со коментар дека и мене ми е драго што се развива каква-таква политичка сцена со некој задоволителен избор, но самиот избор си носи и ризик кој не сум сигурна дека на овие избори можеме и смееме да го превземеме.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Левица можеше да биде пристојна, макар до средна партија, но се посра кога прва работа и беше да земе пари од Сорос. Без оглед на импликациите што ги носи тоа име во нашето општество, па и пошироко, радикална левица накај анархисти од старт да се прикачат за берзански шпекулант и мултимилијардер е невидена катастрофа. Но можеби и тој ја основал.

А фали таква партија, ова е плодно тло за тие идеи, отсекогаш сме биле сиромашна земја и масите се палат на приказни за еднаквост и праведна распределба, а често и со право (работниците имаат мизерни права). Тоа ни е и некоја традиција, и ден денес во учебниците (толку кудените) за некоја личност од почетокот на 20-от век само се кажува дека е социјалист и по дифолт тој е good guy, не објаснуваат повеќе. Да, тоа било така во тоа време и на овој простор, но барем да се објаснеше малку зошто, како, не верувам дека децата го разбираат контекстот, туку несвесно им се всадува уште од мали нозе поимот „социјалист=добар“, а тоа сигурно делумно е останато и од препишувањето од старите учебници. Но добро, тоа е една ситница што ми пречи, но не е толку важна за муабетов.

Програмата... катастрофа. Пред некое време баш некаде на форумов имаше линк до некоја статија за некоја нивна програма за излез од кризата и ја прочитав внимателно, се се сведуваше на „ќе ги зголемиме даноците“... Буквално сите точки, мислам дека беа околу 14, можеби погрешно сум запамтил колку беа. Па ќе ти избегаат инвеститорите, ќе немаш ни толку колку што имаш. Ме мрзеше тогаш да пишам повеќе за тоа. А освен тоа, и во јавните настапи, провејува оној идеализам без основа (ни тронка прагматичност) и редење на желби без реален план како да се остварат и од каде да се финансира тоа.


А за политиката на форумов... Мислам дека веќе не може да се спречи, барем до предизборниот молк. Освен да се затвори форумот. :masa:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom