Драга, а бе ти праќај по меил забелешки до утре ако сакаш, слободно, никој не ти брани. Само што автоматски се' ти е одбиено, пошто нели нема доволно простории и нема доволно професори за да ве чуваат додека полагате.

А нели сосем логично е кога немаш ниту сопствена зграда за факултет, да примаш милион души во година, нели? Многу е логично.

И после нема кадар, е па јеби га.
И нели многу логично е да одиш да полагаш испит и ти викаат, аааа, извини, ама ние ве информиравме на меил дека испитот е одложен. Отвораш меил, кој патем е пратен пред 15 минути, дека испитот се одложува за еден час и половина. Благодарам многу на навремената информација, пошто ја иначе на секои триесет секунди прверувам меил.
Или на пример денес да добиеш меил, дека вчера се одржало предавање, што всушност требало утре да се одржи, ама битно они ти пуштиле меил, а тоа што информацијата е од денес за вчера, тоа е апсолутно твој проблем.

А јас нели апсолутно логично, наместо да фатам книга... т.е. пардон немаме ни книги... јас си се жалам на форум. Фино.
Да не ми биде мислењево ептен надоврзување... што и е... Еве да си се пофалам дека дур чекав на ред четириесет минути на забар, си изнаправив муабет со една бабичка за рецепти. Ни се погоди муабетот, бонбона. Фина бабичка.
Ај, чао.
