Драга Кајгана,
Многу ми е криво што денешниве деца немаат детство како ние што имавме
Се почесто сме сведоци на тоа како децата се повеќе време поминуваат пред компјутер, телефон, таблет, телевизор............., а се помалку време поминуваат надвор со другарчињата или пак со нивните родители. Посебно имам одбивност кон оние ,,зафатени" родители кои воопшто не им посветуваат внимание на своите деца. Или ќе ги тупнат во градинка цел ден, или ќе ги остават кај бабите и дедовците или само ќе му го пуштат цртанот и воопшто не се замараат со детето.
Исто така посебно имам одбивност кон оние родители богаташи кои на детето уште од најмала возраст му трупаат еден куб небитни обврски за едно дете. Го тераат да слуша класична музика, да следи мода, да се однесува како еден европски возрасен човек, потоа ги носат децата на часови по играорна, часови по класична музика, часови по странски јазик и уште еден куп други глупости кои детето можеби и воопшто не ги сака. И на крај детето прераснува во една дрска, арогантна, асоцијална, богаташка личност кој нема почит кон посиромашните и помалку образовани луѓе од него.
Ние кога бевме деца надвор игравме жмурка, расипан телефон, граница, шуто дупе, пат околу светот, си раскажувавме страшни приказни, надвор останувавме до еден саатот по полноќ, паѓавме на бетонот додека се бркавме и дома се враќавме со раскрвавени колена, па еве не израснавме во здрави, прави и паметни луѓе кои можат да се пофалат дека имале предобро детство.
Мене носталгии ме фаќаат за детството............

