Кајги,
Е толку беше престојот во Австралија. Абе друже се напунив со позитивна енергија за сите пари. Саботата денски шетавме со колегата пошто не сум јас за излегување, кафичи и ноќен живот не ме интересира, ко мажена да сум, хахаха . Во неделата уште рано во 7 бевме на доручек и луѓе по улиците, уште неприбрани од излегување од вечерта, лоллл , секси женски разголени ... ако нека ужива младината

Се напикавме во казино за да смени пари колегава пошто носеше он екстра евра а во хотелот ни препорачаа таму да размениме , повеќе се исплаќало отколку на рецепција. Па пошто прв пат во Adelaide и не го знаеме доволно градов па купивме денска карта и цел ден со трамвајот натаму - наваму ..... Бевме до плажата, насмеани лица околу нас , рапсположени луѓево , се осеќаше толку пријатна атмосфера што не можам да ти опишам . Па уз пат бевме до неколку продавници со попусти , ефтиија друже , јадењето ефтино , гардероба ефтино , бевме и до аптека и таму ефтино . Местото е мирно , значи нема никаква опаснот од ништо , а на улица кој и да прашаш за помош било што со насмевка секој одговара . Исто во продавници , значи уште од раното сабајле па преку цел ден се насмеани лица гледав околу мене , среќни луѓево, алал да им е.
Ај да одам да јадам сега и да ја носам униформата на чистење оти следен лет ми е Франкфурт.
П.С. Не сретнав македонци , некако 90 % локално население беше - австралијанци.