Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Никогаш нема да ги разберам луѓево што живеат живот без спортски адреналин, не дека не се во право или дека грешка прават, напротив, ќе си живеат до 150 години. Не можам да разберам како може некој додека игра Македонија ЕП/СП во некој спорт, има финале ЛШ, ЕП/СП фудбал, може на Фејсбук да си постира хороскоп, песни од Кејти Пери... Или играме ракомет против Германија во Ниш, се тресе цел народ а на форумов глеам упорно во нови мислења се караат во љубовни проблеми, на Леандра и стигаат лајкови од теми како се бакнувате и на нив слични :pos:
Вчера Караско дава гол, цела кафана се тресе, една упорно седи на месинџер на телефонот, не ни сврте поглед да види што се случува :ROFLMAO:

Него вчера со @Клипче вртевме пола саат за да влеземе кај Градски ѕид од што беше се опколено, кај 7 ни викаат кај Беко идете, идеме кај Беко, „кордонов“ (намерно во наводници, trust me) составен од една баба со еден заб и 130 сантима, еден од браќава што не знаеше што го прашуваме и тој до него пробуваше да му објасни и еден циган што кога не прашаа зошто сакаме да влеземе кај Беко и му кажавме дека идеме фудбал да гледаме ни врати со „Епа и ја сакам да глеам фудбал бе :( “ Клипче па му враќа, како да гледаш фудбал, на работа си и цигово штама и не гледа двајцата :pos: Јас на работа кога сум не ни помислувам на задоволства како вода пиење камоли да ме чуе некој да кажам фудбал дека ми се гледало, ќе летам како Феликс што леташе од свемирот на земјава. Кој се` стигна денес да е полиција и да го раниме со наши пари е страшно нешто, не дека пленам со мојава висина, ме знаете лично повеќето ама 9 од 10 полицајци што „обезбедуваат“ на протестиве и машко и женско се пониски од мене а стомаците им се вечито во офсајд како Инзаги на времето. Ако чита некој од шарените, знајте оние кај Беко ви се најслабја карика :icon_lol:
 
^
За женски донекаде можам да разберам, не ги интересира бе и готово (си има исклучоци нормално ;))

Е за мажи, тука веќе треба да се постават некои прашања :kafence:
 
Драга, бем ти глупи предмети.... Да бараш од студенти да учат напамет цртички, бројки и остало до точка исто е дно дна, посебно кога збориме за факултет, каде што професорите треба да се трудат да им пренесат реални знаења на студентите, со цел да им помогне во иднина да се снајдат во пракса без поголем проблем. Кога факултетите функционираат на овој принцип, што да кажеме за квалитетот на образованието во основно и средно.. Секоја чест на исклучоците.
 
Драга шо се дешаваше сабајле у 5:30 у центар и карпош, буквално 2 метра над зграда прелетуваа 3 авиони, 3 пати прелетаа, башка у недела сабајле алоууу
 
Муи таи маме му ебав ги одрав лактиве крв течи со јод ги мачкам :icon_lol:.

Од цела свадба ја и сваќата од Полска, а бе златна коса има којзнае шо фарба корсти и то :icon_lol:.
 
Драга
Како се чувствува турист од Кина кој ја посетил Македонија, купил сувенир, и кога се вратил во Кина на сувенирот прочитал Made in China (PRC)?
 
Прееска ме разбуди порака на телефонот од МојТермин, наводно сум имала закажано негде на пластична хирургија и да си го почитувам терминот. Боже сачувај. :ROFLMAO: Можам да замислам колку само све им е побркано во здравствово наше... Мрдната работа. :D

И да те прашам, нормално ли ти е ова? Ај кажи им на луѓево да си купат кукли и нив да ги облекуваат, да не се изживуваат врз своите миленичиња. И не, не е слатко, грдо е. Па уште кога видов лакирани нокти на маче... уште пудра им фали. Мене не ми е нормално и нема да ми биде. Фала, чао, пријатно.
 
Кој дебили еј, кој скапајци значит лој малоумник требит да си за да мочаш в шоља а да не го крениш капакон?
Абе и по дома вака мочате?
Абе ќе ви ја скинам сенката ак ве фатам.
 

-
Д...мојот роден град... истите градби и денес се таму.само луѓето се смениле...(ова колку да не мисли некој дека ќе биде вечен),
А да и превозните срества се сменива,овие дилижанси ги замениа сега со некој 4х4 и со вкупно сите коњи под една хауба(а рег.Ко,Бе,Ве,Не,)
Еве да те потсетам,вака патувале од Цариград до Дубровник,тука им било едно одморалиште и паркиралиште а ановите биле нешто подолу.
 
Ќе пишев како Швајцарците се будали и наместо да се сликаат во најдолгиот тунел некогаш изграден, требало да си направат споменици и со нив да се сликаат, тунелот е под планина, кој ќе го видит бе ? :pos:
која банана држава сме, мме бе....

i refuse to believe that i live here...

zXVut.gif
 
Драга,
сакам да заспијам а не можам...
Имам некое чувство од кое што ми се превртува желудникот кога и да помислам на утрешниот ден... Или нешто ќе се смени на поарно, или на полошо од утре - трето нема...
Само да останам присебна и психички јака !
Држи ми среќа - ќе ми треба !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom