Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Чудна е еволуцијата на човековиот живот.
Како мали,само газот облиен со памперс ни бил пун говна. А сега, 20ина години подоцна, мозокот е тој што ни е секојднево препунет со 100 пати пообемни говна.
 
Последно уредено:
Драга,

Си разгледувам каталози, списанија, или пак шетам надвор и многу се напнувам кога ќе видам како им стои гламурозен и впечатлив накит на луѓе.
Мене ми стои како на зелче шо скришно си игра со накитот на мајка му.
Како матурантка за појавава, си викав, „ај дете сум, има време“... сеа не знам шо да си кажам.
Не е фер.

Друг муабет.

Си имам омилена марка на кармин, нема везе.
И од истата марка си иам две омилени нијанси и само нив си ги купувам секогаш. Најпогодени ми се у секој поглед.
Гес уат, од марката веќе неколку месеци нема и нема повеќе да бидат достапни две нијанси. Погоди кои.
Животов ми титка со тарабатриеседентараба и ми се смее со другарчињата.
 
Последно уредено:
Фразата '' За другар прашувам" сеуште неможе да ја искoрени вашата љубопитност зачинета со малку ''хумор''.
 
Последно уредено од модератор:
Драга,
Не постои пореалистичен гиф за цело балканско поднебје од овој :D
giphy.gif
 

Преку 20 пати ја слушнав денеска. Песниште!
 
Седам мртов болен и ја прегледувам осмата сезона Хаус по кој знае кој пат и исто така по кој знае кој пат сфаќам дека ова е најдобрата серија што ќе биде некогаш направена.Во серијава има се почнувајќи од гнасниот шеф на работа до курви дрога алкохол и life lessons.И јаготката на шлагот е уствари што најсебичното своеглаво и бесчуствително копиле сфаќа дека во животот не можеш сам засекогаш.Серијава би ја ставил за задолжителен предмет во прва година средно кога егото ти е поголемо од тополине у Волково.Everybody lies
 
Драгич, знаеш дека те избегавам освен ако иам нешто битно да ти кажам.

Цел ден сум во дилема, не мом да јадам, не мом да пијам, дури ни цигарите не ме си то шо треба да се.
ДАЛ ДА СИ ЈА МАВНАМ МАШИНКАТА ИЛИ НА БЕРБЕР ДА ОДАМ ?! :confused:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
Драга,

Имав краток road trip ни Германија, Србија и Кипар. И да ти кажам се вљубив во Кипар. Прва прилика би нашол работа и би се преселил. Иако ист третман добив како и во Грција - при право на 90 дневен престој таа ми вика да останам на аеродром и да чекам 6 саати до наредниот лет, повторно би отишол да живеам таму.
 
Телма имаше подобар рејтинг коа сликата им беше ко да имаат VGA камери, него сеа коа имаат подобра слика ама го имаат „хуморот“ на Жаре од еден на еден...
Јака и душа на таа жена шо му е/ќе му биде...
 
Драга КАЈ
Не знам од каде да почнам...

Долго време веќе душава неможам да си ја исполнам со среќа,љубов,уживанција затоа што каде и да свртам глава гледам гадотии,злоба,подлост,глупавост.Никогаш не верував дека ќе бидам сведок на ситуција каде што никој нема да даде денар за лекување на дете,барем од срам ако не од желба да помогне.Да ќе си земам за право да ве обвинам и навредам затоа што ве знам,и тоа многу добро. Никогаш не ви биле проблем парите да се курчите пред луѓето да ги омаловажувате тие што немаат колку вас и колку е тоа убаво да носите брендови.Ние другите сме обични смртници.НЕ.вие сте обични смртници заслепени од таа книжна хартија,ние барем некогаш во животот научивме што е солидарност и хуманост вие со тие дупки во глава ќе си умрете.Ама јас пак ќе речам рака што дава не се суши.Јас нема да умрам без 100денари ниту ќе се збогатам за 100 денари,само знам дека некој од другата страна ќе ги цени и ќе се радува на нив повеќе од мене.

Од кога за успех се смета крадењето дечко на другарка што ми забила нож во грб?Бравос имаме напредок во еволуцијата на човекот т.е не чекај овде некако магично еволуцијата ќе запре пошто веќе дното е допрено.Значи цури од денес баталете све идеме на крадење типци од другарки.Revange бе,како што се испофали типката дека ќе се чекира со дечкото на другата и ќе пишела ‘’со љубовта ‘’значи у инат на народот.Ама стварно БРАВОС оддамна ваков бисер немав слушнато.

Аааа и ова +.Успех е да се сплеткаш со 30 годишни разведени со деца а ти си онака кул 19годишна девојка и викаш љубовта нема граница а ти смета тоа што луѓето ти ваделе муабети...Ехх драгa моја

И добро Кајги коа светов стана толку изопачено место? Јас од ден на ден верувам дека сум родена во погрешно време со погрешни луѓе.Дали јас единствена или една од ретките од мојата генерација која има ‘’застарени’’ морални вредности,дали јас барам нешто што непостои,дали јас целам кон нешто глупаво а тоа е критичко размислување,едукација,поширок дијапазон на се?!Но не,не сум единствена која оди на курсеви,предавања,обуки,сепак можеби има надеж дека ќе има добри генерации.

И дали јас сум чуден тип што бара човек со кој ќе може да збори за многу различни теми а не за тоа кој колку вчера се начукал,кој кого лапал...и не не ми треба таков дечко,со кој ќе ја зборам едната иста работа 10 пати.Ако ова е цената која треба да ја платам поради мојата желба за нешто повеќе,океј.Ќе ја платам,само поради тоа зошто јас така сакам и јас така одлучувам.

И се плашам Кај,многу, не сакам да ги изгубам овие луѓе кои сега ги имам затоа што се ретки и можам да ги избројам на една рака.

Се внесов Кај.
Морав да се испразнам.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom