Драга КАЈ
Не знам од каде да почнам...
Долго време веќе душава неможам да си ја исполнам со среќа,љубов,уживанција затоа што каде и да свртам глава гледам гадотии,злоба,подлост,глупавост.Никогаш не верував дека ќе бидам сведок на ситуција каде што никој нема да даде денар за лекување на дете,барем од срам ако не од желба да помогне.Да ќе си земам за право да ве обвинам и навредам затоа што ве знам,и тоа многу добро. Никогаш не ви биле проблем парите да се курчите пред луѓето да ги омаловажувате тие што немаат колку вас и колку е тоа убаво да носите брендови.Ние другите сме обични смртници.НЕ.вие сте обични смртници заслепени од таа книжна хартија,ние барем некогаш во животот научивме што е солидарност и хуманост вие со тие дупки во глава ќе си умрете.Ама јас пак ќе речам рака што дава не се суши.Јас нема да умрам без 100денари ниту ќе се збогатам за 100 денари,само знам дека некој од другата страна ќе ги цени и ќе се радува на нив повеќе од мене.
Од кога за успех се смета крадењето дечко на другарка што ми забила нож во грб?Бравос имаме напредок во еволуцијата на човекот т.е не чекај овде некако магично еволуцијата ќе запре пошто веќе дното е допрено.Значи цури од денес баталете све идеме на крадење типци од другарки.Revange бе,како што се испофали типката дека ќе се чекира со дечкото на другата и ќе пишела ‘’со љубовта ‘’значи у инат на народот.Ама стварно БРАВОС оддамна ваков бисер немав слушнато.
Аааа и ова +.Успех е да се сплеткаш со 30 годишни разведени со деца а ти си онака кул 19годишна девојка и викаш љубовта нема граница а ти смета тоа што луѓето ти ваделе муабети...Ехх драгa моја
И добро Кајги коа светов стана толку изопачено место? Јас од ден на ден верувам дека сум родена во погрешно време со погрешни луѓе.Дали јас единствена или една од ретките од мојата генерација која има ‘’застарени’’ морални вредности,дали јас барам нешто што непостои,дали јас целам кон нешто глупаво а тоа е критичко размислување,едукација,поширок дијапазон на се?!Но не,не сум единствена која оди на курсеви,предавања,обуки,сепак можеби има надеж дека ќе има добри генерации.
И дали јас сум чуден тип што бара човек со кој ќе може да збори за многу различни теми а не за тоа кој колку вчера се начукал,кој кого лапал...и не не ми треба таков дечко,со кој ќе ја зборам едната иста работа 10 пати.Ако ова е цената која треба да ја платам поради мојата желба за нешто повеќе,океј.Ќе ја платам,само поради тоа зошто јас така сакам и јас така одлучувам.
И се плашам Кај,многу, не сакам да ги изгубам овие луѓе кои сега ги имам затоа што се ретки и можам да ги избројам на една рака.
Се внесов Кај.
Морав да се испразнам.