Z
zmej gorjanin
Гостин
Некаде од 6::18
Муабетов има супстанца, и од овој временски период човеков може да се нарече интелектуалец и духовен гуру во однос на она што поп "културата" го нуди денес. Перфектно ја објасни културната еволуција на општеството во однос на музиката како референтна точка, а можеби и во однос на целокупното егзистирање на човекот на земјата низ децениите кои ги наброја. Ама промаши една битна ствар. Интернетот не е никаков преносител на пораки и бунтовност, Интернетот само создаде индустрија од уметноста, ако земеме дека НЗС на уметноста и Интернетот е информацијата. Така што денес имаш актуелен музички производ кој задоволува одредени стандарди и карактеристики кои што таа индустрија ги пропишува, нема никаква бунтовност и романтика, не буди никакви чувства иако можеби продукцииски е на повисоко ниво. Можеби филмот и еволуираше во нешто подобро, додека музиката, како поапстрактна и посуптилна уметност, стана вулгарно генеричко срање, барем онаа музика која ја бараат масите или барем онаа музика на која ги навлекоа масите.
Последно уредено од модератор: