Ама морам да се пофалам, денеска сум бил исклучително примерен, ем научив колку ми е мерката, ем слабо одев да пушам цигари. Еј, има надеж за мене бре!

Некако многу сум задоволен од сам себе, оваа ноќ изгледа после толку многу години ќе спијам барем малку задоволен.
Некако, како да сум среќен и задоволен од сам себе, чудно ми е...
Од сега вака, се до моето следно изглупирување.
ОК Драга, навистина, од се срце најискрено сакам и се молам на Бог, во оваа 2016 година една фина девојка (не мора да е некоја убавица, ја да не сум па многу убав па, просто сум грозен како ламјата од иконата на Св. Ѓорѓија, ругоба што ја нема на свет, просто да биде искрена и да ги дели моите морални вредности, барем дел од нив)
да се заљуби (?) во мене, за да и јас дознаам што е тоа љубов! Тогаш ќе можам да го срушам цел свет!
Навистина, после толку многу години, се чувствувам подигнат и оптимистичен.
Маани тоа, на мои скоро 26 години дечиштата што ги фаќам како се возат по лифтот ми викаат „чичко“! Ќе ве чичосам ја вас, ало, не сум толку стар, иако сите ми велат дека имам 35+.
И денеска се осетив глупо и гадно, дочек на Стара Нова Година (свадба без невеста, ама ај) све парови околу мене, само јас сам, како последен, дури нема ни израз...

Некои работи мора да се сменат.
Дента на кафе додека бев ми ѕвонеа за еден мал бизнис што вртам (всушност е криминал, ама да не навлегуваме во детали

), и разговарав сo странката пред еден другар, и ми кажа дека додека ме слушал како да гледал сосема друг човек, господин, културен, воспитан, а не она лајно кое го познава.
Цел ден ги мислам неговите зборови. Да, јас знам да бидам фин и културен и господин и џентлмен. Што пак, изгледа не сум до толку за никаде.
Барем нешто ми е јасно, многу пати сум бил во јама со гомна, досега никогаш не сум се удавил. колку крв имам исплукано и јас и моето потесно семејство последниве 10 години, тоа е чудо. Ама што ако, сите сме живи и здрави, а тоа е најважното.
Многу ретко пишувам долги постови. Уште поретко се исповедувам.
Разбрав едно. Другар ми има девојка за која јас би убил 7 милијарди луѓе. Умна, убава, чесна и искрена. Ех, тоа ти е да добиеш на лотарија

Можеби звучам љубоморно, но не е така, од се срце им се радувам! Срце ми се радува кога ги гледам! Со тој другар не бевме многу блиски, но, многу му се радувам!
А и еден друг другар ќе се жени бре, го крши мразот од нас прв! Нека му е со среќа, кога видов вчера многу се израдував.
Знам дека цел пост е голема збрка од реченици, но, после толку многу години (навистина многу години) ме преовладуваат емоциите. Можеби некој ќе каже дека сум под дејство на наркотици или алкохол, но не, наркотици во живот немам пробано, а со Г-дин Џон Барликорн повеќе нема да бидам близок, ќе се дружам, ама послабо!
Ќе си го сменам животот од корен!