Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
ДК
Да ти се пожалам денеска ме цензурираа на форумов :(
the-worst-thing-about-censorship.jpg
 
Миленко у емисија го донел Ерих фон Деникен, творецот на идејата за древните вонземјани. И зборат за тоа како Кокино било изградено во чест на боговите (вонземјаните), исто како и Стоунхенџ и Наска линиите, и дека они пред 14000 години му ветиле на човечкиот род дека еден ден ќе се вратат на земјата.

Ај ваљда до 24 април ќе стигнат...
 
Се чуствувам ко Ал пачино у инсомнија ...

My eyes are so tired .....
 
се` се` ама одењето на петица и тоа со сета сила газење ,никогаш нема да сфатам. Како кентаури ццц, не знам како некогаш би живеела во зграда ако над мене се вакви некои.
 
Драа

Некој си марсс село отфорија тему за пцување на членот над вас. Ај бш да му гу видимо туј дарк пцуваторско објективну страну на сунгера.Нели он виси у тија теме за членови над вас.
Ама у вовед пишуе да не се пцуеф мајке шајке сестре.
Епа што да пцуемо? Комшие,домашни миленичиња,омилени глумци,певачи?
А ти га испонабутам на колештку ти од работу, шефица кур да ми излиже : D
 
Драга Кајгана,

до кога ќе ја имам способноста се што постои да расипувам или да зафркнувам?
 
Драга К,

Ти кажав дека бев поканет на свадба. Е сега свадбава ќе биди ист месец кога се и изборите. Една “другарка“ ми је вавува на Viber:
..........
-Маче, ќе идиш за свадбата од З. ? (најмногу шо мразам е кога некој ке ми рече МАЧЕ или СРЦЕ или СРЦ или СРЦКА - ми иди бокс да и мавнам).
- Да, со план сум - одговорив.
- Леле, супер. А слушај, ќе гласаш? (дрско прашање, знае дека мразам политика!!)
- НЕ, ако добро се сеќавам ти кажав дека никогаш немам гласано и никогаш нема да гласам!
- Е оти бе маче? Ај гласај!
- Наде, не замарај, ти кажав не гласам! - одговарам онака ладно
- Еее ај ти пак размисли, имаш време до изборите. А слушај, треба да напрајме некои анкети од партија ни дадоа, можи да ти ја пратам на фб?
(И тука се запалив)
- Ај мрш и ти и та гласањето и тоа анкетите ваши.
(И исклучив)

Абе како едно извини не рече, ништо. Само слушнав ЛУТА ми била ТАА на МЕНЕ, оти сум знел колку и било важно тоа со анкетите.

Ми се одмили и свадба и се. Искрено се мислам дали да одам или ич да не фрлам пари по пат.
 
Моите дома одат во Кам кога купуваат за две недели да речеме, како и 80% од Валандово....и така тој прашокот Фиеста ни е Цедевита по дома, ова Инстант кафето ни е Нес кафе (така си ги кажуваат :pos: )... И некни ми се пиеше сок и татко ми ми вика имаш Браво таму и таму во кујна...одам во кујна и гледам некое безвеза шише, кој го знае што сок беше.. Викам ај портокал е може убав ќе испадне.. Ја полнам чашата до пола демек да го пробам и мавам 2-3 големи голтки на екс. Првата голтка ми беше чуден сокот, втората ми беше преблаг некако и мнгоу познат вкусот, а третата веќе сфатив дека ова е уствари сируп за растварање. :D

И му викам кое Браво бе, си земал некој сируп за растварање сакаш да ме задавиш. Ми вика "Озбилно? Мајка ти и вујна ти вчера испија по цела чаша од него." :ROFLMAO::ROFLMAO:
 
Драга,

Дојде 2016, а јас сеуште го пијам кафето ко несквик у fucking 30 секунди. :mad:
И после ќе ме прашаш зашто пијам по толку кафиња на ден, епааа...
 
Едвај чекам да дојде дено ко ќе има избори да отидам да се пријавам дека гласам, и да го ичкртам гласачкио лист и да си отидам.

Sent from my 6036Y using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom