Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга, јас си мислев дек рано им е на штурцине ма ил не, незнам. Цела вечер неможев да заспијам цврц-цврц па од спална се преместив в дневна на тросед. Пред да се преместам, ај запалив сијалица, се џарам наоколу пак то штурецот цврц-цврц а јас не го гледам, ај по звукот открив некако дек е заробен ил во пердињана ил во драперине. Аии си реков ќе се префрлам јас копиљ еден невоспитам, ама утревечер ко ќе мавнит ефтина тарифа после 22 часот, ојш ти со си завеси и драпери в машина и то на центрифуга, да ми ти се сомељит тој мозокт штурски неубав.
 
Преку ден овесни снегулки со јогурт, виталиа глупости, салати, вода, сок, јадење од онаа нована фенси ствар веџи ресторант, навечер чекнати во Боними, ХХЛ, Дион, Мома со алкохолите и скарата в раце. Што се договоривме за влагањето во филмови? :angel:
 
Драга

Вчера мајка сакаше да си напраи нов скајп пошо не си го памти пасвордот на стариот и покрај тоа што 1000 пати и ијам речено да си запише.
И бараат да внесе мејл нели и си внела некој рандом.
“Мајка го имаш напраено овој мејл некоаш?“
“Не“..
:cautious:
Знаеш колку пати и ијам објаснето шо е мејл и као функционира и шо му е поентата и зошо и треба и секој детал шо треба да го знае на најпрост начин на светот!??!?!
Ама зашо да запамти коа знае дека ја ќе пуштам тимвјуер и ќе и ги решам проблемите.

- Отвори мајка тимвјуер
Шо е тоа?
- Да можам да ти средам од тука.
Неам ја такво нешто
- Кликни на старт... најдоле најлево у ќошето... Старт
Старт?! Никаде неам ја старт.. Десно?
- Лево.. доле... не мамо на виберов... на целиот екран глеај...
....
- Едно као квадратче... таму кај шо кликаш коа сакаш да го исклучиш компјутерот...
ааа еве да... и сеа?
Тимвјуер... T..E..A...M..V..I..E..W..E...R... така е напишано...
...
-Плаво квадратче... т...е..а...м....
Евеее...
- Дај ми сеа ид и пас..

:place:

И после ми кажува за мејлот, си го измислила мејлот и си го внела... :yid:
:place:
 
Драга, ја ако умрам од нешто ќе биде тоа од земјотрес или друга непогода кај што го вклучува моето станување од кревет.
Сабајле коа се стресе, си помислив нема шанси да станам сеа, таман се наместив убаво, топличко. :sleep:

п.с. толку се навикнав на тебе драга, што кога имам нотификации на фб, дремам со курсорот над икончето, чекам сами да се отворат :facepalm:
 
Драга,
wtf??? цццц... Останав без зборови... :facepalm:

10502389_10206276823342218_2137052473637273744_n.jpg
 
Владата: Ќе даваме ваучери за студентите да можат да си купат таблет со тастатура.
Студентите: Не фалаааа, на нас не ни треба таблет, ние сакаме подобри услови во студентиските домови.

Една недела пред доделување на ваучерите.

Студентите: Aбе ај кажувајте кој таблет е најдобар за 8000 ден. И не мешајте политика.

И усб стик да им дадат ќе трчаат да го земат. Штета што нема таква група на студенти што ќе ги скршат таблетите и ќе ги фрлат пред владата. Да знаат дека они не се деца, па да ги лажат со играчка.

На една другарка и кажувам дека ги славиме и двата велигдена, а она ми вика, а зошто покрај католичкиот и православниот не го славите и муслиманскиот? :popce:
 

Ако овие се патриотите, мене слободно ставете ме во другата група на предавници.
 
Дрг. Повторно за нашето патетично образование....да постоеше патент за реформите во истото сметам дека тој патент би влегол во историјата познат како “Бизмарк 2“.

Абдилаќим Менделеев, нашиот министер за образование и неука...наука де, дипломиран металург не знаеше да одговори на 3 прости прашања поставени од една новинарка под изговор “Јас студирав 1986“ и “Тука дојдовме да зборуваме за образованието, а не да одговарам на прашања од мојата струка“.
Мене од една страна ме радува фактот дека преку системот препознавање знае дека станува збор за нешта поврзани со металургијата, а од друга страна пак сум разочаран од системот познат како “ОдговоВив на тоа пВашање“.

Централната идеја ми е диктатурата и неонацизмот во нашиот образовен систем. Денеска требаше да има генерален бојкот, но благодарение на системот кој е воспоставен и „совршено“ функционира, немаше секаде. Затоа молба до членовите на Средношколскиот пленум (ако ги има на форумов) прво да стапат во контакт со сите средни училишта и второ да ги осудат јавно овие закани и притисоци.
Другата компонента од идеата ми се родителите. Каде се и што прават? Ова е класична тортура каква што постоела во нацистичка Германија, фашистичка Италија, С. Кореја, Грција во 74- та и гордо денес во Македонија.......

Јавноста е дефокусирана, изманипулирана и генерално излажана. Тонеме во еден образовен вулкански кратер, покрај тонењето и во сиромаштија.......

Па сликите од студентските домови се жални. Треба тотален ремонт на истите, треба креирање на услови, а не користење на специфична терминологија и со самото тоа изигравање на мудрец, или користење на топоними со цел будење на мечтата кај народот. Така не се води еден народ, ниту пак една држава.

Да не дозволиме да се случи Кина 1989 г. А дури 20 г. потоа воспоствување своевидна демократија. И да не дозволиме Грција 1974 г. па пад на диктаторите во воената машинерија. Треба да креираме нов патент кој ќе го турка нашиот образовен систем напред, макар си со сила затоа што се е подобро од враќањето назад 100 чекори. Нели?
 
Драга,
Дури 3 дена не сум ти пишала. :LOL:
Правев некои тестови за која страна од мозокот повеќе ја користам (двете приближно еднакво) и која професија е за мене. Немав друга работа И погоди што драци, ми излезе готвач. Да не живеев во Мкд сигурно ќе бев некој опасен шеф во добар ресторан (мој) и ќе бев многу позната :pipi:. Ама ај не се откажувам од желбата да имам свој ресторан па и адвокатите треба да јадат.
Ќе ти кажам за некоја година до каде сум стигнала.:свиркам:
Ајт :motorce:
 
иам фотошоп скилс на 5 годишно дете нема везе пораката е важна

never underestimate the power of stupid people in large groups

15o9wdk.jpg


Вечер идеме за Гтц да не испадне после вака така знам дека ова моје излагање ќе биде безкорисно и знам дека ќе го претворат у барок а потоа ќе јадеме сендвичи и од барокни сендвичари ама што е тука е бар не сум мрсел муда пред пц сум излегол на протест и таму ќе го искажам мојот револт за тоа што не ми се допаѓа

Пс-Ќе имате распеани скопјани ќе имате сорос ќе имате опозиција ќе имате тхе џохн-103 значи излагате кака загрижен граѓанин ако не ви се допаѓат ликовите околу океј е гет овер ит иако они ја градат популарноста врз вашиот и мој грб

11112218_1582957315316097_1693216979228096495_n.png
 
Драга, од коа ја ставија ова опцијата тв-тека на макс тв само турски серии гледаме дома...
 
Драга, ова што денес се излежувам скапо ќе ме чини во наредните 10 дена :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom