Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Кајг,

на светов постојат доктори и забари.
На овие вторите да не им веруваш.
Никојпат, ич.

Прво викаат, нема да боли, нема жими се, нема.
После кога боли, викаат абе па немам јас магично стапче.

Јас веќе не одам на забар.
Ќе живеам на Макропен и Кетонал.
И ако треба ќе одам штрбава, само патот накај забар да не ме носи.
:(
 
Брат, неам ништо против опозиција али овој Заев пробува да и го наруши интегритетот на Македонија.

20 минути подоцна.

Работиш нешто?
- Брат, сликам со апарат по настани иначе на платен список сум на вмро, ми помогнаа другарчињава.

Абе сфе да ти, разбра, СФЕ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
Не ми е јасно како можам да окапувам пред компјутер и 7+ часа дневно на компјутер и да не ми е ништо, а кога треба да работам нешто во Word, тогаш веднаш почуваат проблеми како на пример очите ме болат после 15 минути, добивам болки во грбот инстантно and stuff.
Oh, the irony :icon_lol:
 
@Peja989

Рандом муабет на работа, една колешка (иначе на работа со врски дојдена, за се живо и диво фаќа врски, и кај треба, и кај не треба) коментира како ,,вработиле и ќоро и сакато, замисли, со врски,,.

Онака.... не знаеш каков муабет да свртиш. Ете, не знаеш :)
 
Кога ги слушам водителите на Антена5, Сити, Метрополис почнуваат да ми минуваат слики од розов свет. Птици пеат, луѓе се смеат, сите среќни и задоволни, љубов насекаде, нема војни, нема расправии, нема бомби, прислушувања, ееее :rolleyes: ...:oops:
 
ДК Досада жива...Никој ли нема со кого можеш еден саглам муабет да направиш? Аман више :mad:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom